Реклама

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Економија

Македонските граѓани сè повеќе ги користат услугите на е-влада, но сè уште сме далеку под просекот во ЕУ

Во 2025 година, 71,9 % од луѓето во ЕУ на возраст од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во 2025 година, 71,9 % од луѓето во ЕУ на возраст од 16 до 74 години користеле веб-страници или апликации на јавни органи, што претставува зголемување од 1,9-процентни поени во споредба со 2024 година, покажуваат податоците на Евростат.

Во Македонија 32,32 процента од граѓаните користеле услуги на е-влада. Најчести услуги на е-влада што ги користеле македонските граѓани се преземање или печатење официјални обрасци (17,11 %), барање официјални документи или сертификати (15,44 %), пристап до јавни бази на податоци или регистри (12,94 %) и пристапот до лични информации (10,96 %).

Во споредба со земјите од регионот, најмногу услуги на е-влада користеле граѓаните во Грција (71,99 %), Хрватска (65,68 %), Србија (64,23 %), Црна Гора (52,39 %), Босна и Херцеговина (37,87 %) и Бугарија (35,95 %). За Албанија и за Косово нема податок. 

Реклама

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски неодамна информира дека порталот за услуги бележи рекордни резултати и станува централна точка за електронските услуги за граѓаните.

Според податоците за 2025 година, порталот за услуги остварил 290 % раст на издадени услуги и 166 % раст на корисници. Тоа, според Андоновски, е јасен показател дека граѓаните го препознаваат, го прифаќаат и сè повеќе го користат порталот, за кој нагласи дека е динамична платформа, која генерира 3-4 нови услуги месечно.

Земјите на ЕУ со најголемо користење услуги за е-влада се Данска (98,0 % од луѓето користеле веб-страници или апликации на јавни органи), Холандија (96,2 %), Финска (96,1 %) и Шведска (96,0 %). Спротивно на тоа, Романија (24,1 %), Бугарија (36,0 %) и Италија (57,7 %) регистрираа најмал удел.

Најчестата употреба на услугите на е-влада била за добивање информации за услуги, бенефиции, закони, работно време или слични теми (44,2 %), пристапот до лични информации е втората најчеста активност (41,3 %), а поднесувањето даночни пријави е на третото место (38,2 %). 

Луѓето во ЕУ исто така ги користеле услугите на е-влада за закажување состанок или резервација (38,1 %), преземање или печатење официјални обрасци (36,7 %), примање официјална комуникација или документи (36,6 %), барање официјални документи или сертификати (20,8 %), пристап до јавни бази на податоци или регистри (20,7 %), барање бенефиции или права (18,1 %) или поднесување други барања, барања или жалби (5,7 %).