Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Прилози

Македонскиот денар стабилен – 34 години од неговото воведување како национална валута

И во услови на глобална економска неизвесност, македонскиот денар ја задржува својата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И во услови на глобална економска неизвесност, македонскиот денар ја задржува својата стабилност. Довербата на граѓаните и компаниите во домашната валута останува висока, а тоа се потврдува и преку растот на депозитите, посочи заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски, нагласувајќи дека Министерството останува посветено и на намалувањето на сивата економија.

„Стабилноста на националната валута е директен резултат на стабилните политики коишто ги води државата и оваа Влада и претходните влади и секако Народната банка на Македонија. Согласно податоците од март 2026 година, е забележан годишен раст од 16,3% кај депозитите во денари од страна на граѓаните и од 13,3% зголемување на депозитите во денари од страна на корпоративниот сектор“, изјави заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.

Според Љубе Трпески, поранешен гувернер на Народната банка и член на комисијата која го реализирала проектот за воведување на македонскиот денар, војната во Заливот може да има одредени економски последици, но директно нема да ја наруши стабилноста на денарот.

Реклама

„Здравјето на денарот не може да го наруши, но ќе има последици врз економијата, бидејќи ние сме врзани со еврото. Како што ќе слабее еврото, така ќе слабее и денарот. Меѓутоа да се надеваме дека ќе заврши брзо војната и дека нема да има такви тешки последици“, изјави поранешниот гувернер на Народната банка Љубе Трпески.

Годинава македонскиот денар одбележува 34 години од неговото воведување како национална валута. Трпески се присети на тој период, нагласувајќи дека тогаш инфлацијата на дневно ниво достигнувала вредности кои денес се карактеристични за годишно ниво, што јасно ја отсликува разликата во економската стабилност меѓу тогаш и денес.