Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Македонски концепт со став за албанскиот јазик во Македонија

Во врска со вчерашните протести поврзани со прашањето за употреба на албанскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во врска со вчерашните протести поврзани со прашањето за употреба на албанскиот јазикот при полагање на правосуден испит и административни постапки, Претседателството на Македонски Концепт донесе јасен и непроменлив став: Секој кој живее и работи во Македонија, треба да го знае македонскиот јазик и да полага на македонски јазик. Исто како во секоја нормална држава, членка на ЕУ. Ни повеќе, ни помалку!, стои во соопштението од партијата.

Република Македонија има еден службен јазик на целата територија – македонскиот јазик. Тоа не е прашање на политичка волја, туку на државна функционалност, правна сигурност и еднакви правила за сите. И тоа не ја намалува вредноста, ниту употребата на останатите јазици на етничките заедници во земјава. Албанскиот јазик не може да биде „над-јазик“, со поголемо значење од останатите јазици на другите етнички заедници. Сите сме рамноправни граѓани на Републиката, а со тоа и нашите јазици, кои се средство за разбирање, а не за етничка хегемонија.

Ова не е насочено против никого, туку е нормален стандард во секоја сериозна држава – јазикот на државата е темел на институциите, образованието, јавната администрација и општествената кохезија.

Реклама

Истовремено, ги повикуваме сите граѓани на смиреност и достоинство. Протестот е демократско право, но не смее да прерасне во притисок врз институциите да се откажат од принципите на државност и од еднаквоста на правилата.

Македонски Концепт ќе се спротивстави на секој обид Македонија да се претвори во држава со паралелни системи и стандарди. Државата мора да функционира по јасни и исти правила за сите – без исклучоци, без двојни аршини и без наметнување.

Македонскиот јазик е обврска во јавниот систем. Тоа е услов за интеграција, а не тема за уцена.