Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Македонската полиција препознаена како партнер со силен капацитет, Јанев со повеќе средби на конференцијата на Интерпол

Во рамки на вториот работен ден од 52-та Европска регионална конференција на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на вториот работен ден од 52-та Европска регионална конференција на ICPO-INTERPOL што се одржува во Атина, а посветена на „Користењето на експертизата, капацитетите и ресурсите на Интерпол за борба против употребата на нови технологии кои го подобруваат обемот и ефикасноста на транснационалниот сајбер криминал“, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при МВР, Александар Јанев кој ја предводи делегацијата на македонската полиција остварил работна средба со Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза.

На средбата, како што соопшти МВР, било разговарано на повеќе теми почнувајќи од повеќе аспекти од стратешко-оперативните цели на Интерпол, за имплементација на дигиталните алатки на современиот свет низ полициските системи, потоа за отворена и брза комуникација на службите задолжени за спроведување на Законот, како и за придонесот на македонските полициски човечки ресурси и експертизи во тековните и идните активности и операции на најголемата и најстарата меѓународна полициска организација.

– Исто така, директорот Јанев имаше средби и со шефовите на делегации од Јапонија, Германија, Литванија, Турција, Швајцарија и Луксембург, при што генерално фокусот беше ставен на подобрувањето на условите и начините на коишто се градат и одржуваат заедничките соработки. Особено беше нотирано споделувањето на искуствата и знаењата како едни од клучните механизми за подобрување и поедноставување на полициската работа, и секако дигитализацијата на системот, со што несомнено преку таквата модернизација ќе се придонесе до побрзи и поквалитетни резултати и во истрагите и во целокупното полициско работење, соопшти МВР.

Реклама

Во соопштението се посочува дека македонската полиција била препознаена како кредибилен партнер со силен професионален капацитет и знаење во борбата против сите облици на транснационален криминал.

– Директорот Јанев во разговорите со соговорниците заеднички ги потенцираа предизвиците со кои се соочуваме како служби задолжени за обезбедување на сигурноста на национално и глобално ниво, како и за потребата од поинтензивна размена и пренесување на искуствата и знаењата, дотолку повеќе што заеднички беше констатирано дека безбедноста не само на граѓаните од европскиот континент, туку глобално се осигурува со искрена и интензивна партнерска соработка, соопшти МВР.