Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Македонската литература дел од „Европската ноќ на литературата“ во Софија

Во рамките на својата годишна програма, Македонскиот културно-информативен центар во Софија и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на својата годишна програма, Македонскиот културно-информативен центар во Софија и годинава беше дел од 15-тата Меѓународна книжевна манифестација „Европска ноќ на литературата“, една од значајните европски културни средби посветени на современата литература и нејзиното доближување до читателите.

Со своето учество, Македонија застана рамо до рамо со Австрија, Белгија, Бугарија, Германија, Грција, Данска, Ирска, Шпанија, Италија, Холандија, Обединетото Кралство, Полска, Словенија, Украина, Унгарија, Финска, Швајцарија, Шведска и Чешка, претставувајќи го богатството и современиот израз на македонската книжевност пред софиската публика.

Присутните гости на македонското „читателско гнездо“ ги поздрави директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, проф. д-р Зоран Пејковски, кој во своето обраќање ја истакна важноста на ваквите меѓународни културни манифестации за афирмацијата на македонската литература, јазик и култура, како и за продлабочувањето на културните врски и соработката меѓу европските земји.

Реклама

„Европската ноќ на литературата“ е меѓународна манифестација која на еден поинаков и несекојдневен начин ја доближува литературата до публиката. Наместо во традиционалните книжевни сали, читањата се одржуваат на различни, нетипични места низ Софија, кои за една вечер стануваат вистински „читателски гнезда“. Во нив, познати личности и уметници читаат извадоци од современи европски книжевни дела, создавајќи непосредна средба меѓу книгата, авторот, јазикот и читателот.

Годинава македонското „читателско гнездо“ беше сместено во клубот „Паве“, на улицата „Вилијам Гладстон“ во самиот центар на Софија. Пред присутните гости, чиј број постојано се зголемуваше и публиката постојано се менуваше, македонската литература беше претставена преку делото „Снегот во Казабланка“ од македонската писателка Кица Колбе.

Извадоци од романот читаа македонските актери Ѓорѓи Георгиев – Антика и Игор Дамјанов, кои со својата интерпретација му дадоа посебна сценска димензија на книжевниот текст. Особено значајно е што делото „Снегот во Казабланка“ годинава излезе од печат и на бугарски јазик, во издание на реномираната издавачка куќа „Изида“, предводена од познатиот издавач, преведувач и книжевник Пламен Тотев, а во превод на Маријан Петров.

Но македонското претставување не заврши со книжевното читање. По извадокот од „Снегот во Казабланка“, актерите Ѓорѓи Георгиев – Антика и Игор Дамјанов ја збогатија вечерта со изведба на македонски песни, внесувајќи ја македонската музичка традиција во книжевниот амбиент и создавајќи уште еден мост меѓу македонската и европската публика.

Токму во тоа се состои и посебната вредност на „Европската ноќ на литературата“ – да се слушнат различните европски јазици, да се препознаат различните книжевни теми и да се запознаат различните авторски ракописи, но истовремено да се открие она што ги поврзува европските култури: љубовта кон зборот, книгата и човековата приказна.

Оваа меѓународна манифестација, која со својата 15-та година потврдува дека литературата продолжува да биде еден од силните гласови на современа Европа, уште еднаш покажа дека културните граници се најлесно премостливи преку јазикот на уметноста.

Со учеството во „Европската ноќ на литературата“, Македонскиот културно-информативен центар во Софија продолжува да ја афирмира македонската литература, култура и уметност и да создава нови можности за нивно присуство и препознавање во европскиот културен простор.

Македонската книжевност и македонскиот збор и овојпат имаа свое место во европската книжевна ноќ – како дел од големото заедничко културно богатство на Европа.