Реклама

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Македонија

Македонска Каменица со парична награда за првороденото бебе во 2026 година

Со голема радост и искрени емоции, градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со голема радост и искрени емоции, градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова оствари средба со таткото на првороденото дете во општината во новата 2026 година. Како знак на внимание и поддршка кон семејството, Општина Македонска Каменица додели парична награда.

-На 4 јануари 2026 година се роди малата Јана, која претставува симбол на нов почеток, надеж и иднина за локалната заедница. Општина Македонска Каменица како знак на внимание и поддршка кон семејството, денес попладне на средбата со нејзиниот татко му додели парична награда во износ од 30.000 денари, информираше Стаменкова.

Упати искрени честитки и најубави желби за здравје, љубов и безгрижно детство на новороденчето, а на родителите им посака многу среќни моменти и сила во најубавата животна улога – родителството.

Реклама

-Раѓањето на едно дете е најубавиот почеток за секоја заедница. Малата Јана е симбол на надеж и иднина, а наша обврска како општина е да бидеме поддршка на младите семејства и да создаваме услови за среќно и безбедно детство, рече Стаменкова.