Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Економија

Македонија се трансформира во земја транзит на гас и извозник на електрична енергија, Владата на ВМРО-ДПМНЕ интензивно работи за енергетска независност и стабилност на земјата

По 7 години нестручно и недомаќинско владеење на СДСМ и ДУИ со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 7 години нестручно и недомаќинско владеење на СДСМ и ДУИ со енергетскиот сектор што резултира со загуби, повисоки сметки за струја и греење како и колапс на електроенергетската инфраструктура доаѓа крај на хаосот и почеток на стабилност и развој, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Поради консолидација на енергетскиот хаос во минатото и лошото менаџирање на енергетските капацитети во државата од страна на СДСМ и ДУИ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана кон инвестирање во зелена енергија, зачувување на животната средина, справување со предизвиците од фосилните горива и постепен премин кон обновливи извори на енергија.

Македонија успеа да внесе два клучни гасни проекти поддржани од Европската комисија, кои се важни регионални проекти за Гасификација.

Реклама

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција. Се градат 66,6 километри гасовод на македонска страна. Почетниот капацитет на гас е 1,5 милијарди кубни метри со потенцијал да се зголеми на 3 милијарди кубни метри. Вредноста на проектот е 60 милиони евра. Како и проект за интерконекција со Србија.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи и на модернизација на електоренергетската инфраструктура.

Пуштен е во работа новиот 400/110 kv трансформатор во ТС Битола 2 кој ќе го намали притисокот врз преносната мрежа и ќе ја зајакне сигурноста на снабдувањето во градовите Струга, Охрид, Ресен, Битола и Прилеп, обезбедувајќи стабилна електрична енергија за време на зголемената потрошувачка во зимските месеци.

Главен фокус се и обновливите извори на енергија.

Втората фаза од ветерен парк Богданци со дополнителни 4 ветерни турбини, секоја со капацитет од 3,4 MW. Ова проширување значително ќе ја намали зависноста од увоз на електрична енергија.

Кон крајот на минатата година се потпиша договор меѓу Европската банка за обнова и развој и ЕСМ за грант од ЕУ за изградба на две нови фотонапонски електрани – „Битола 1“ со инсталирана моќност од 20 мегавати и „Осломеј 2“ со моќност од 10 мегавати.

Целта е преку обновливи извори на енергија, ветерници, изградба таканаречени когенеративни постројки, постројки на гас коишто ќе произведуваат и електрична и топлинска енергија, биоенергија, соларна енергија, хидроенергија, Македонија од земја увозник наскоро да биде земја извозник на енергија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ има јасна визија за иднината и конкретен повеќегодишен план во енергетскиот сектор насочен кон зголемување на енергетската ефикасност, стратешки инвестиции во домашното производство на енергија со цел енергетски стабилна и независна држава и значајна енергетска крстосница во регионот и Европа.

Ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија, стои во соопштението на владејачката партија.