Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

🎥 Македонија се подготвува за одбележување на двата Илиндена – темели на македонскиот непокор

Македонија и државно политичкиот врв се подготвуваат за одбележување на Илинденското Востание…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и државно политичкиот врв се подготвуваат за одбележување на Илинденското Востание и Првото заседание на АСНОМ како темел на македонскиот непокор.  Македонските мечти за слободна и независна држава собрани во еден дАТУМ, Илинден – 2 Август.

Утре ќе се одржат настани на Мечкин Камен во Крушево, Скопје, Пелинце – каде што се наоѓа Меморијалниот центар на АСНОМ, манастирот „Свети Прохор Пчински“, кој денес е во границите на Србија…

Она што секоја година најмногу го предизвикува вниманието на јавноста е коњаницата – децении со истата порака – јавајќи на коњи од Скопје до Крушево – граѓани ја испраќаат пораката за обединување на македонскиот народ и достојно одбележување на споменот на хероите од 1903-та. Коњаницата „Илинденски марш“ пристигна во Крушево каде беше пречекана од другите,коњаници кои доаѓаат од други региони на Македонија.

Реклама

Делегацијата во Крушево ќе биде предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ќе присуствува на централната манифестација во Крушево, на Мечкин Камен-симболот на Крушевската Република и илинденското востание од 1903 година, информираа од Кабинетот на претседателката.

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на свеченостите кои ќе се одржуваат во главниот град. Се очекува, шефот на Владата од Скопје да испрати порака по повод двата Илиндена, Крушевскиот и АСНОМ-скиот.

По помирувањето на Македонската православна црква и Српската православна црква, во 2022 година, Првото заседание на АСНОМ повторно се одбележува и во манастирот „Прохор Пчински. Таму македонската делегација ќе биде предводена од потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, а нејзин домаќин ќе биде потпретседателката на српскиот Парламент, Невена Ѓуриќ.

Пред да пристигнат во манастирот, собраниската делегација ќе го посети Пелинце.

По повод 2 Август – Денот на Републиката потпретседателката на Собранието Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација ќе одбележи 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Државна делегација, предводена од потпретседателката Бендевска ќе го одбележи 2 Август – Илинден, во манастирот Прохор Пчински, информираше собраниската прес-служба.

Ако Илинден во 1903 година и Крушевската Република беа само кратка надеж за слобода, тогаш таа идеја станува вистинска реалност со АСНОМ во 1944 година, повторно на Илинден. Во манастирот „Свети Прохор Пчински“ се остваруваат соништата на илинденците – нивната борба ја продолжуваат новите борци за слобода кои на тоа заседание ја поставуваат основата на современата македонска држава.