
Пет европски држави, вклучувајќи Хрватска, Грција и Романија, веднаш понудија поддршка преку системот за цивилна заштита на ЕУ, а неколку пациенти веќе се транспортирани во Унгарија и Литванија. Во тек е координацијата за дополнителни преноси, додека Европската комисија останува во редовен контакт со македонските власти и е подготвена да обезбеди дополнителна помош доколку се појави потреба. Комесарот за управување со кризи, Хаџа Лахбиб, изрази сочувство за жртвите и нивните семејства, нагласувајќи дека ЕУ е во солидарност со Република Македонија во овој тежок период.
