Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Прилози

🎥Македонија има добри закони, но Ромите и натаму се соочуваат со социјални и економски предизвици

Немаат лични документи , работат без социјална и здравствена заштита, живеат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Немаат лични документи , работат без социјална и здравствена заштита, живеат во тешки економски услови- во населби без основна инфраструктура, не посетуваат училиште. Ова се главните проблеми со кои, се уште се соочуваат Ромите во Македонија.  За да се надминат проблемите треба интензивно да се работи на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030. Во неа има осум точки за кои се задолжени десет министерства, да ја спроведат. Фокусот е ставен на  образованието на Ромите, нивното домување, вработување, намалување на сиромаштијата, регулирање документација.

“Имаме голем напредок и во основното образование и во средното, има голем број на студенти и завршени Роми со високо стручна спрема.Проблемите се генерални, сите институции и владата и органите други, да се залагаме сите заеднички и меѓународниот фактор кој е во нашата држава да помогне за една вистинска и посилна интеграција на ромската заедница.”- изјави Шабан Салиу, министерот без резор задолжен за интеграција и имплементација на стратегијата за инклузија на Ромите

За да не се забориват никогаш ромските жртви од Холокаустот, со комеморативниот настан денеска се одбележува 2 август, денот кога стотици илјади Роми за време на Втората светска војна на нечовечки начин, брутално се убиени низ логорите на смртта, како што се Аушвиц, Треблинка, Јасеновац…
“Преку нашата изложба насловена Ромскиот геноцид низ очите на младите че ја претставиме состојбата на Ромите пред Втората Светска војна, за време на Втората Светска војна и по Втората Светска војна.”- изјави Урмета Арифовска заменик директорка на регионална ромска образовна младинска асоцијација РРОМА 

Реклама

Ромските заедници се соочуваат со длабоко вкоренета структурна нееднаквост и социјално-економска маргинализација, и покрај стратегиските и законските заложби и заштита од дискриминација. Иако Ромите се најголемото етничко малцинство во Европа, последните истражувања покажуваат дека нивниот глас е маргинализиран, а одговорноста за борбата против дискриминацијата често останува без конкретни резултати.

Мила Тодорова