Реклама

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Македонија

Македонија и Малта ќе соработуваат за користење на ЕУ фондови за инвестиции во образование, наука, млади и спорт

Меморандум за соработка помеѓу Националната агенција на Македонија и Националната агенција на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меморандум за соработка помеѓу Националната агенција на Македонија и Националната агенција на Република Малта вчера беше потпишан во Валета – главниот град на Малта, во рамките на 4-тата Европска конвенција за младинска работа под покровителство на Советот на Европа и Европската комисија.

Со овој документ, како што соопштуваат од македонската Национална агенција за европски образовни програми, Македонија обезбедува партнерство кон директно користење на најголемите грантови од европските фондови преку програмата КА3 – која обезбедува поддршка за проекти од стратешко значење, голем обем и долгорочно влијание, особено капитални инвестиции во сферата на образованието, науката, младите и спортот.

-Директорот на Националната агенција, Петар Богојески, ја предводеше македонската делегација и лично го договори и потпиша ова стратешко партнерство со неговиот колега од Малта, Рафаел Скери и отвори нови перспективи за нашите образовни институции, организации и компании, кои досега не пристапуваа до ваков вид грантови и инвестиции. Со овој чекор, Македонија влегува во повисока лига на европско партнерство. Овозможуваме пристап до средства што значат вистински развој, конкретни резултати и нови можности за младите, наставниците, истражувачите и иноваторите, стои во соопштението.

Реклама

Партнерството со Малта, како пријателска и успешна земја-членка на Европската Унија, се додава понатаму, претставува пример за паметна дипломатија и ефикасно искористување на европската солидарност и средства. Во таа насока, силно дејствуваа и м-р Срѓан Каранфиловски, координатор за меѓународна соработка во НАЕОПМ и претставниците на граѓанскиот сектор, дел од македонската делегација.

-Македонија денес прави значаен чекор напред – кон европско знаење, кон конкурентно образование и кон европска иднина. Македонија и Малта – заедно кон европски успех!, се посочува во соопштението.