Реклама

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Македонија

Македонија го прославува денот на револуционерната борба

Ваквите големи празници како денешниот 23 октомври-  Денот на Македонската револуционерна борба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ваквите големи празници како денешниот 23 октомври-  Денот на Македонската револуционерна борба се шанса за обединување на македонскиот народ, вели историчарот Тодор Чепраганов, кој посочува дека Македонија не ги чествува достоинствено македонските историски фигури и значајни датуми. Чепреганов вели празниците се одбележуваат проформа.

Мислам дека сето тоа што се прави е една профрома , само на денот на празникот и потоа сето тоа се заборава. Се чека да дојде тој момент или ако некој реагира во однос на нешто, па тогаш реагира политиката во однос на тоа, вели Тодор Чепреганов – историчар.

Дел од историчарите се загрижени дека политиката ја поклопува историјата, стравуваат дека не остана многу од неа.

Реклама

Сметам дека овој празник, 23 октомври, претставува празник со кој започнува организираната борба за ослободување од османлиската власт и неговата еманципација. 23 октомври е врзно ткиво на Илинден, народно ослободителната борба и македонската независност 1991 година, вели Чепреганов.

Познавачите на политиката, но и историјата велат дека овој ден е многу важен, особено земајќи ги предвид условите од Бугарија за менување на историјата.  

Ако не бил овој ден, немало да биде ни Гоце Делчев ни Крсте Мисирков, ни ВМРО, ни Илинден, рече Предраг Димитровски – новинар.

Инаку на денешен ден 1893 година во Солун шест млади мажи се собрале да ги стават основите на тоа што ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ја основаат конспиративната група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.

Претставници од Владата положија цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје. Честитките од државниот врв пристигнаа преку електронските медиуми.

Премиерот Заев во честитката наведува дека денот на македонската револуционерна борба е ден на кој  со гордост се сеќаваме на македонските револуционери, на кои им се поклонуваме и ја чествуваме нивната пожртвуваност  и нескршлива волја за слобода.

Претседателот Пендаровски вели дека  на овој ден се потсетуваме на основоположниците на македонското револуционерно движење, кои биле водени од праведни идеали и принципи.  Честитка испрати и собранискиот спикер Талат Џафери.

Мери Ѓорѓиевска