Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Економија

Македонија го презема претседавањето од Црна Гора

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 23 јуни ќе престојува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 23 јуни ќе престојува во работна посета на Црна Гора, каде што ќе учествува на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за развој на финансии – ЦЕФ.

Во рамките на состанокот Македонија, преку Министерството за финансии, за прв пат ќе го преземе претседавањето со ЦЕФ од Министерството за финансии на Црна Гора. Претседавањето ќе трае во наредниот едногодишен период.

За време на посетата, министерката Димитриеска-Кочоска ќе се сретне и со министерот за финансии на Црна Гора, Новица Вуковиќ, при што ќе се разговара за зајакнување на билатералната соработка во областа на јавните финансии.

Реклама

ЦЕФ е регионална организација која обезбедува поддршка за развој на капацитетите во управување со јавните финансии, даночната политика и администрација, како и централното банкарство преку обуки, семинари и програми со практична примена. Македонија има долгорочна соработка со оваа институција, особено во рамки на Академијата за јавни финансии, преку која успешно се реализираат програми за едукација и унапредување на јавниот сектор.