Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Прилози

🎥 Со нови авио линии и рекорден број туристи – Македонија сè поинтересна дестинација

Македонија како туристичка дестинација има многу што да понуди. Гостите од странство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија како туристичка дестинација има многу што да понуди. Гостите од странство најмногу се импресионираат од храната, културата природните убавини.  Туристи доаѓаат  од различни страни , дополнително зголемена е заинтересираноста со воведувањето на новите авиолинии кои Македонија ја доближуваат до светот . Најпосетувани се главниот град и езерските  и планинските места

Сепак како држава мора да се работи на подобрување на она што се нуди дома, пред се со тоа мора да се позанимаваат локалните власти. Туристичките работници посочуваат дека мора да се среди хаосот во главниот град затоа што вака туристите ги пречекуваме со непријатна слика во метрополата на урбанистички хаос и валкан град

Инаку, според последните податоци од државниот завод за статистика бројот на туристи во првата половина од годината односно од јануари – мај 2025 е зголемен за 23.6 отсто во однос на истиот период лани.

Реклама

Земји од кои дошле најмногу странски туристи во мај 2025 година во Македонија :

28 338 од Турција

15 166 од Германија

6 059 од Франција и   

5 942 од Србија    

Зголемен број на патници е забележан и на двата македонски аеродроми каде се превезени 1,5 милиони патници во првите шест месеци  што е за 5% повеќе во однос на истиот период лани . Последно   воведени се пет нови авиолинии до скопскиот аеродром, Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага. Претходно беа воведени уште 11 нови авиолинии од Скопје и Охрид кон Барселона, Лион, Париз, Женева, Истанбул, Амстердам, Дубаи, Штутгарт, Ларнака и Базел. Како и нов чартер лет од Германија со кој најмалку 200 туристи секојдневно ќе ја посетуваат Македонија. Според ДЗС  Во Скопје годинава во мај дошле 42 932 странски туристи, што е за 9 илјади повеќе од истиот период минатата година кога тука главниот град го посетиле 33 800 странски туристи.