Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Македонија домаќин на Светско училишно првенство во ракомет 2026 – Скопје ќе ги пречека најдобрите млади ракометари во светот

Македонија ќе биде домаќин на Светско училишно првенство во ракомет, кое ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ќе биде домаќин на Светско училишно првенство во ракомет, кое ќе се одржи од 20 до 29 април 2026 година во Скопје. Овој значаен меѓународен спортски настан ќе се реализира во организација на Министерството за спорт и Федерацијата за училишен спорт на Македонија.

Договорот за организација на првенството беше официјално потпишан од страна на министерот за спорт Борко Ристовски, претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска и претседателот на Светската федерација за училишен спорт, Жељко Танасковиќ .

Министерот Ристовски истакна дека организацијата на ова првенство претставува признание за заложбите спортот да биде во секојдневието на младите преку училишниот систем.

Реклама

– Горд сум што Македонија ќе биде домаќин на еден ваков значаен светски спортски настан. Ова првенство е признание за нашата заложба спортот да биде составен дел од животот на младите. Овој настан е една поширока платформа која ги поврзува спортот, образованието, младинските политики и интернационалната соработка. Ваквите меѓународни првенства се силен поттик и инспирација за учениците да се вклучат во спортските активности, да се натпреваруваат, да негуваат вистински вредности и да растат како личности. Верувам дека нашите млади ракометари ќе го искористат овој момент како мотивација за уште поголеми спортски успеси – порача Ристовски.

Претседателот на Светската федерација за училишен спорт, Жељко Танасковиќ ја истакна важноста на едно вакво големо спортско натпреварување во ракомет како спорт што е особено популарен во балканскиот регион.

– Ракометот е најпопуларен спорт во Македонија. Идејата Скопје да биде домаќин на ова престижно првенство се роди за време на Светската гимназијада што се одржа на Златибор. Министерот Борко Ристовски и неговиот тим го посетија настанот и беа импресионирани од високото ниво на организација во училишниот спорт. Убеден сум дека ќе се создаде прекрасен амбиент и ќе се испрати јасна порака дека еден ваков настан гради мост меѓу образованието, спортот и културата – рече Танасковиќ.

Посочувајќи го значењето, но и одговорноста да се организира ваков голем настан, претседателката на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска истакна дека Светско училишно првенство во ракомет ќе биде вистински спортски празник за градот и за државата.

– Организацијата на Светско училишно првенство е огромен настан за нас како Федерација за училишен спорт и упатувам голема благодарност до Министерството за спорт и до министерот Борко Ристовски за поддршката што ни ја дадоа да го добиеме и да го организираме овој училишен ракометен мундијал.

– Голема е важноста и одговорноста што ја носи организацијата на вакво натпреварување со толку млади спортисти, млади ракометари и идни ракометни ѕвезди. Верувам дека ова натпреварување ќе биде мотив за натпреварувачите, но воедно, мотив и за сите млади спортисти да продолжат да работат и да напредуваат – рече Мицковска.

На првенството се очекува да настапат околу 1000 млади ракометари и ракометарки – средношколци на возраст до 18 години од целиот свет.