Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Македонија 18 години е кандидат: Сијарто вели дека Европа нема да биде целосна додека не го интегрира Западен Балкан

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека на Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека на Европската унија во оваа тешка ситуација и се потребни енергијата и свежината на Западен Балкан. Србија е клучна, сите поглавја се отворени со Црногорците, Македонија е кандидат веќе 18 години, со Албанија не сме отвориле пристапни преговори девет години, рече Сијарто.

По состанокот на Советот за општи работи на Европската унија во Брисел, Сијарто изјави дека Европа нема да биде целосна додека не го интегрира Западен Балкан.

-Ова е важно за економскиот развој, безбедноста и човечките контакти, рече Сијарто.

Реклама

Како што наведе, на Европската унија во оваа тешка ситуација и треба енергијата и свежината на Западен Балкан.

Според него, довербата во Европската унија опаѓа во земјите од Западен Балкан.

-Наместо што некои колеги министри плачат како некои други глобални политички играчи би сакале да го интегрираат Западен Балкан, ние веќе требаше да прифатиме четири земји во Европската унија. Србија е клучна, сите поглавја се отворени со Црногорците, Македонија беше кандидат 18 години, а девет години не ги отворивме пристапните преговори со Албанија, рече Сијарто.

Само на земјите кои се против проширувањето, рече Сијарто, можеме да им се заблагодариме што опаѓа поддршката на граѓаните од Западен Балкан кон евроинтеграциите.