Реклама
Прилози

Македонија не смее да биде жртва на непринципиелност: Ако бугарскиот преседан продолжи да се храни, ќе станe почва за нови такви во иднина

Ако бугарскиот преседан кон Македонија продлжи да се храни, ќе стане плодна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако бугарскиот преседан кон Македонија продлжи да се храни, ќе стане плодна почва за нови тавки во иднина. Нашето место е во Европката Унија, но согласно постигнувања и критериумите од Копенхаген. Државава не смее да продолжи да биде жртва на непринципиелни билатерални уценувања, порача претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Дакова по средбата со својот црногорски колега Јаков Милатовиќ, кој е во дводневна работна посета на Македонија. Според нејзе членството на Западен Балкан во ЕУ, не е само иднина, туку треба да стане реалност.

-Повикав и нашето чекорење кон ЕУ, да биде во рамките на она што се нарекува европско уставно право. Многу важно е бидејќи еден преседан доколку се храни, ќе отвори или ќе создаде плодна почва и за нови преседани. Значи инститирам на еднакви стандарди, изјави Сиљановска Давкова.

И двајцата претседатели се согласија дека меѓусебната соработка на двете држави е и повеќе од добра, но има сериозен потенцијал да стане уште подобра, пред се во делот на туризмот и економијата. Ќе се работи на авионска линија од Скопје до Подгорица или Тивар, а целта ќе биде трговста размена која што во моментов 66,5 милиони евра, да се зголеми на најмалку 100 милиони во наредниот период.

Реклама

-Ние сме согласни дека економската соработка е под потенцијалот и дека трговската размена која денеска е на ниво од некои од некои си 60-тина милиони евра, може да биде значително повисока и дека треба да тежнееме во наредниот период таа да достигне износ од барем 100 милиони евра, изјави Милатовиќ.

Црна Гора и Македонија годинава одбележуваат две децении од дипломатските релации. Милатовиќ на македонски јазик реши да се заблагодари поради што државава била една од првите што ја признале независноста на неговата земја.

-Уште еднаш благодарам за гостопримството и пријателството што денес го чувствуваме во Скопје, изјави на македонски јазик Милатовиќ.

Во рамки на посетата на Милатовиќ на Скопје, беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу младинските совети на двете држави. И двајцата претседатели кажаа дека тоа е многу важно, бидејќи во младите е иднината. Милатовиќ покрај со Сиљановска Давкова, се сретна и со собранискиот спикер Африм Гаши, свое обраќање имаше и пред пратениците во Собранието, а положи и свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас.

Матеја Петровски