Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Македонија ги отвора вратите за иселениците – Владата со конкретни чекори за поддршка на оние кои ќе одлучат да се вратат во татковината

Ана, Моника и Кристиан, Ракип, Тони, Оливера, Исмаил, Жан: различни животни приказни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ана, Моника и Кристиан, Ракип, Тони, Оливера, Исмаил, Жан: различни животни приказни и премрежја што ги спојува едно: по години живеење во европските и прекуокеанските држави се вратиле дома. Иако е тешко за верување, сепак има се повеќе такви примери кои на некој начин ја прифатија поканата дека Македонија ги отвора вратите за своите луѓе ширум светот.

Една од тие е Ана Дуковска – Македонка која по 18 години живот во САД, годинава се врати во родниот Охрид. Тука е и Далибор Фрутник кој пак, вели дека откако го прошетал цел свет, домот го нашол во Македонија. Иселен како дете во многу мала возраст, по 35 години повторно живее на македонска територија.

  • „Национална кампања за стекнување на македонско државјанство на сите Македонци по род, родени надвор од државата,не како административна постапка туку како чин на припадност, на признавање па и на враќање дома. А денес сум повторно дома, не со цел да бидам товар на државата туку ресурс“ “ рече АНА ДУКОВСКА – Повратник од САД.
  • „Гледам дека политиките и иницијативите кои се случуваат се од масовна вредност за државата и гледам многу топла иднина во тоа. Само ќе кажам дека во Македонија најдов, не само дома, туку најквалитетни и највредни луѓе кои што некогаш сум ги запознал “ рече ДАЛИБОР ФРУТНИК – Повратник од Австралија.

Многу од македонските повратници веќе отвориле и свои бизниси тука. Велат, можности има, само треба одлучност да се вратиме кај што секогаш ќе припаѓаме а не да се чувствуваме странци.

Реклама
  • „Дојдовме тука, го префрливме нашиот бизнис тука. Работиме на развој и регрутација на лидерски кадри. Работиме со притватниот сектор, компанииите топло го прифатија тоа“ вели МОНИКА ТОМАШЕВСКА – Повратеник од Холандија.

  • „Подобри можности и услови ни додоа тука, и одлучивме да отвориме фирма тука во Македонија за ПВЦ, столарија и алуминиум“ рече ИСМАИЛ КОВАЧИ – Повратник од Швајцарија 

Од Владата со јасна порака – државата има потреба од секој што заминал, кој со сето свое знаење и искуство ќе се врати дома.

Македонија се развива и има место за сите – и за оние што се тука, но и за оние што заминале, порача премиерот Христијан Мицкоски на Форумот на повратници. Според него, Македонија веќе не е земја што стои во место – економијата расте, се инвестира во индустријата, енергетиката и инфраструктурата, а се отвора простор за претприемништво и иновации.

  • „Вашето враќање не е симболично туку суштинско, тоа е порака дека Македонија не е заборавена, дека корените не се пресечени, дека љубовта кон домот не исчезнува без разлика на годините и далечината. Сакам јасно и искрено да кажам – ние не може да им се лутиме на оние кои заминале, ги разбираме. Ја разбираме нивната мака, борба и тешки одлуки. Знаеме дека многумина заминаа бидејќи немаа избор. Но, колку и да оди човек далеку, срцето секогаш влече назад, затоа што, како што мудро вели нашиот народ – каменот тежи на своето место, “ рече Мицкоски.

Владата веќе разгледува можности со надлежните институции да ги олесни даноците кон државата на сите кои ќе се вратат, а Мицкоски вети дека ќе сторат се секој следен ден да биде подобар од претходниот.