Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Македонија2025 објави повик за доделување 20 стипендии за шестиот Охрид Камп за високотехнолошка извонредност

Македонија2025 објави отворен повик за доделување на 20 целосни и/или делумни стипендии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија2025 објави отворен повик за доделување на 20 целосни и/или делумни стипендии за учество на шестиот по ред Охрид Камп за високотехнолошка извонредност, кој ќе се одржи во периодот од 5 до 11 јули 2026 година во Охрид. 

Право на аплицирање имаат деца на возраст од 11 до 15 години, со интерес за кодирање, програмирање и роботика, а посебен акцент се става на учесници од социјално и економски ранливи семејства. Кампот е наменет за деца од Македонија и од македонската дијаспора, а наставата и комуникацијата се одвиваат на македонски и англиски јазик, со цел поттикнување на интеркултурна размена и социјализација. Рокот за аплицирање е 15 април 2026 година.

-Охрид Кампот за високотехнолошка извонредност е еднонеделна едукативна програма по кодирање, роботика и инженерско размислување, наменета за деца на возраст од 11 до 15 години од Македонија и од македонската дијаспора. Кампот претставува уникатна комбинација на интензивно СТЕМ учење и летно искуство, кое ги поврзува младите преку знаење, тимска работа, креативност и културна размена, во инспиративниот амбиент покрај Охридското Езеро, велат од Македонија2025.

Реклама

Едукативната програма за 2026 година, нагласуваат, се реализира во партнерство со Центарот за технологија, роботика и иновации (CTRI), Brainster и iSourse, преку поддршката од MASIT – Македонската асоцијација за информатичко-комуникациски технологии. Програмата е осмислена како интензивно, практично и интерактивно СТЕМ-искуство, базирано на проектно и тимски ориентирана настава.

-Во текот на Кампот, учесниците ќе работат со современи образовни роботски платформи и технологии, вклучително LEGO® Education и Fable robotics, преку кои ќе дизајнираат, програмираат, тестираат и унапредуваат сопствени роботски решенија. Преку структуирани предизвици и конкретни мисии, децата ќе се запознаат со основите на алгоритамско и инженерско размислување, логика, системско размислување и решавање реални проблеми. Фокусот на програмата за 2026 година е ставен на поврзување на технологијата со реални општествени и еколошки предизвици, со цел поттикнување на иновативно размислување и создавање решенија со позитивно влијание врз заедницата. Паралелно со техничките знаења, програмата активно ги развива и вештините за 21 век – критичко размислување, креативност, комуникација, лидерство и тимска работа. Кампот завршува со презентација и демонстрација на проектите и роботските решенија, изработени од самите учесници, прецизираат од Македонија2025.

Покрај едукативниот дел, како што посочуваат, Кампот нуди и богата културна и социјална програма, која овозможува младите од Македонија и дијаспората да воспостават пријателства, да ја зајакнат поврзаноста со македонската култура, јазик и традиција, да го истражуваат природното и културното наследство на Охрид и да создадат трајни спомени.

Повеќе за Кампот, начинот на аплицирање и потребна документација: https://macedonia2025.com/open-call-for-scholarships-for-the-ohrid-hi-tech-excellence-camp-2026/

Во изминатите години на Кампот имаше учесници од САД, Канада, Словенија, Хрватска, Германија, Катар, Австрија, Данска, Кипар, Шведска, Малта, Франција и други земји. Охрид Кампот за високотехнолошка извонредност, во изминатите години, се реализира под покровителство на Претседателот на Македонија.