Реклама

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Прилози

Македонија подготвува силна инвестиција и реформи за да се обнови застарената инфраструктура преку која минува водата

Половина век стари водоводни цевки низ кои секојдневно исчезнуваат милиони литри вода…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Половина век стари водоводни цевки низ кои секојдневно исчезнуваат милиони литри вода – ваква е состојбата со водоводниот систем, кој со децении буквално протекува во скоро сите општини во Македонија. Низ застарената инфраструктура, која одамна требало да биде заменета, се губат дури 80% од водата.

„Низ Македонија, во некои општини водоводните мрежи се буквално од самата изградба, по 30, 40, 50 години стари водоводни системи, каде не се вложува ниту денар во обнова на самите водоводни мрежи. Затоа се и тие загуби во текот на водоснабдувањето кои што ги имаат голем дел од водоводните претпријатија“ – вели Гоце Ангелоски, член на управен одбор на АДКОМ.

Застарената инфраструктура, ограничените капацитети на јавните претпријатија и недоволната институционална координација се клучни проблеми кои експертите ги детектираат. Поради тоа, Македонија подготвува силна инвестиција и реформи во секторот.

Реклама

„Секторот бара околу 2,5 милијарди инвестиции до 2045 година. Тоа се огромни средства кои некој треба да ги имплементира и да ги управува тие системи. За да се направи една реформа, не е можно тоа да го прават претпријатијата, тие се даватели на услугите. Бара носителите на политиките на локално и на централно ниво да се обединат. Не како систем кој ќе биде воден и управуван од повеќе министерства, потребен е предводник – еден кој ќе го води и ќе биде одговорен за реформите во секторот“ – вели Јане Вртески институционален консултант

Странските експерти укажуваат дека решението на проблемот со огромните загуби на вода не лежи само во реинвестирањето, туку бара и добар менаџмент – нешто што до сега било занемарувано.

„Проблемот е и во недоволен капитал за замена на водоводните мрежи. Исто така станува збор за лош менаџмент на мрежите“ – вели Ад Санен, вели проект менаџер на АД САНЕН

Здружувањето на општините и претпријатијата во обезбедување водни услуги е модел кој се разгледува како начин за подобрување на ефикасноста и намалување на трошоците. Наместо 70 јавни водоводни претпријатија, се предлага да функционираат 6 до 7 претпријатија во државата. Покрај тоа, треба да се размислува за дигитализација на секторот, примена на нови технологии и препознавање на човечките ресурси како капитална инвестиција.

Додека овие мерки се имплементираат, Владата обезбедува средства со кои општините треба да ги одржуваат водоводните системи.