Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Прилози

Македонија и официјално добива трет мобилен оператор – 4ig ќе инвестира над 100 милиони евра во изградба на нова мрежа

Македонија, официјално ќе има трет мобилен оператор, Фор ај Џи ги уплатил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија, официјално ќе има трет мобилен оператор, Фор ај Џи ги уплатил потребните средства за добивање на дозволата за работа. Оваа информација ја сподели премиерот Христијан Мицкоски по средбата со сопственикот на компанијата, Галерт Џашаи, во рамки на Светскиот економски форум во Давос.

Компанијата најави дека ќе инвестира над 100 милиони евра во поставување на нова, модерна мобилна мрежа во Македонија.

„Кога ќе влезете во суштината ќе сфатите дека за да вие создадете општество кое што во иднина, озбилно, сериозно ќе ја користи вештачката интелеганција, потребни се неколку предуслови. Пред се, сигурна енергетска стабилност и развој, бидејќи сите оние дата центри имаат потреба од струја и второ ни требаат ИТ инженери, односно ни требаат инженери кои што ќе ја користат таа вештачка интелегенција за потребите на општеството и потребите на граѓаните“, изјави премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

Реклама

Според премиерот, ние како држава мора да сме во тек со времето, бидејќи овие процеси ќе бидат водечки во човештвото најмалку во следните 10 до 15 години.

Македонската делегација останува во Швајцарија, каде на форумот во Давос, ќе има нови билатерални средби до крајот на денот, и во текот на утрешниот ден.

Најавени се средби и со високи државни претставници и претставници на меѓународни организации, со цел забрзување на реформските процеси и обезбедување поддршка за клучните национални проекти.

„Граѓаните добиваат нова компанија, која што ќе нуди мобилни услуги и компанија која што сигурен сум дека ќе влијае позитивно во намалување на цените на услугите кои што мобилните оператори ги нудат за граѓаните во Македонија“, изјави премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

Македонската делегација беше дел и од панелот за вештачка интелегенција на форумот во Давос, каде што се разговарало за иднината за воведување на вештачката интелегенција во процесите за поголема продуктивност.