Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Македонија без јасна стратегија за усогласување на образовението со пазарот на труд

Македонија се уште нема јасен план и стратегија за креирање кадри според…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се уште нема јасен план и стратегија за креирање кадри според реалните потреби на општеството и пазарот на труд. Во некои области има вишок дипломци, додека во други има недостиг од стручен кадар. Експертите предупредуваат дека за надминување на овој јаз потребни се поголеми инвестиции во практичните вештини и иновациите, како и поинтензивна соработка меѓу образовните институции, компаниите и граѓанскиот сектор. На панел-дискусијата „Од диплома до вработување“ беше посочено дека студиските програми треба да се креираат врз основа на анализи на пазарот на трудот и на потребите на државата.

-Има програмски студии во кои имаме суфицит, има програмски студии или кадри во кои имаме дефицит и мора тоа некако да го регулираме преку овие студиски програми кои што според мое мислење треба да се направат врз основа на некоја анализа на пазарот на трудот, да видиме какви кадри се потребни на државата, со какви кадри располагаме и што треба да произведуваме во иднината, изјави Дритон Сулејмани, заменик министер за образование и наука.

Дополнителен предизвик е и заостанувањето во делот на иновациите и патентите. Според експертите, доколку државата сака економски напредок, мора да гради економија заснована на знаење и иновации.

-Мораме да создадеме економија базирана на иновации ако сакаме да одиме напред, а ние сериозно заостануваме, изјави Марјан Бојаџиев од Институтот за општествествени и хуманистички науки- Скопје и потпретседател на СКМ.

Реклама

Во високото универзитетско образование, во високите стручни школи и факултетите, минатата година дипломирале 7.612 студенти, што претставува зголемување од 8,4 отсто во споредба со 2024 година. Според државна статистика и натаму најмногу дипломци лани, имало во областите бизнис, администрација и право.

Ана Минин.