Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Македонец од Катар за Алфа: Ситуацијата не е наивна, летаат проектили цело време над нашите глави

Eксплозии се слушнаа во Дубаи и Доха, по ескалацијата на конфликтот меѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Eксплозии се слушнаа во Дубаи и Доха, по ескалацијата на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран. Обединетите Арапски Емирати соопштија дека пресретнале ракети. Снимките објавени на социјалните мрежи прикажуваат ракети како летаат над Дубаи, вклучувајќи една над Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот.

Обединетите Арапски Емирати соопштија дека пресретнале повеќе ирански ракети, без да наведат дополнителни детали за евентуални штети.

Македонецот Миле Трифуновски наш поранешен колега, кој работеше во тимот на Алфа како монтажер, а сега живее и работи во  Катар, раскажува каква е ситуацијата таму.

Реклама

-Ситуацијата не е наивна летаат проектили цело време над нашите глави, ама да речеме дека до некаде е под контрола. Сега засега во Катар нема паднато ниту еден проектил директно врз американска база, системот за воздушна одбрана најверојатно функционира и повеќето проектили се пресретнати од она што можеме да видиме. Се слушаат пукотници, сега засега мислам дека ситуацијата е под контрола колку што може да се каже под контрола, со оглед на тоа дека е воена состојба, вели Трифуновски.

Вели и дека има препораки од властите.

-Препораките генералнос е за ненапуштање на домовите, оние кои што немаат потреба да се движат по градот, препорачливо е да си останат во своите домови, подалеку од прозорците. И од она што можев да зебележам бидејќи доаѓав накај работното место, улиците се полупразни, невообичаено е тивок сообраќајот во Доха, вели Трифуновски.