Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Македонците во Албанија го одбележаа празникот Василица, најбројни во селото Леска

Македонците во Албанија традиционално го одбележуваат празникот Свети Василиј Велики, со кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонците во Албанија традиционално го одбележуваат празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година според јулијанскиот календар.

Најмасовно присуството на верници, од сите делови на Мала Преспа и пошироко, беше во црквата „Свети Василиј” во селото Леска, каде што со голема чест и духовна радост го одбележаа празникот кој е патрон на овој божји храм.

Синоќа во црквата се одржа вечерна богослужба а денеска Света Божествена Литургија, која ја одржаа свештениците  Алексо Темелко и Топи Арѓири, по што беше кршена василичарската погача.

Реклама

Најсреќен беше Кире Танас од селото Зрновско, кој посака многу здравје, среќа и благосостојба.

-Честит и вековит да ни е празникот. Среќата ми се насмевна мене и за тоа многу сум радосен. Посакувам најпрво здравје, среќа и насекаде нека владее мир, посака Танас.

По традиција и овој пат со Македонците беше  Васил Стерјовски, претседател на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.

Во свое и име на партијата посака Стара Нова година да донесе здравје, среќа и благосостојба во домовите на сите Македонци каде и да се.

-Нека ни биде и година на единство, успеси и напредок за сите нас, Македонците во Албанија, и нека продолжиме заедно да го чуваме и афирмираме нашиот македонски идентитет, рече тој откако запали свеќа за здравје.

Празникот го честиташе и македонските друштва „Илинден”- Тирана и „Преспа” и градоначалникот на Општина Пустец Пали Колефски, посакувајќи здравје, среќа и бериќет да донесе во секој дом.

Во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, синоќа се палеа василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се пееја песни. Во Пустец коледарски оган беше запален на плоштадот,  во близина на црквата „Свети Архангел и Михаил”.

Во секое македонско семејство ширум Албанија,  домаќинките подготвуваат пита или како што ја нарекуваат мазник со паричка. Се верува дека на оној кому ќе му се падне, во текот на годината ќе му се случуваат убави нешта.