Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко

Православниот празник Богојавление – Водици денеска беше одбележан насекаде низ Албанија каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Православниот празник Богојавление – Водици денеска беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православните Македонци. Македонците во Мала Преспа традиционално се собраа во селските цркви и по литургиите што ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилек се упатија кон брегот на Преспанско Езеро каде се положува крстот во сите девет села. 

Во Пустец, седиште на Општината, по богослужбата во црквата „Свети Атанасиј“ што ја одржа отец Темелко, осветениот крст беше положен во езерските води, а најсреќен беше Данко Марко. Тој посака здравје, среќа и благосостојба за сите.

На своите сограѓани во Општина Пустец, празникот им го честиташе градоначалникот  Пали Колефски.

Реклама

– Посакувам многу здравје, среќа, бериќет и општа благосостојба. Им честитам на сите млади што ја продолжуваат традицијата, посебно секако на Данко, кого од Општината соодветно ќе го наградиме, рече Колефски.

Меѓу Македонците во Мала Преспа, според вековниот обичај оној што ќе го фати крстот, во придружба на други момчиња, ги посетуваат сите домови, каде домаќините ги даруваат со пари. Откако крстот ќе ги посети сите куќи во секое село  се враќа во селската црква, каде останува до следната година.