Реклама

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Македонија

Македонците од Бугарија, Грција и Албанија на семакедонска средба во Штип

Борбата на Македонците, во Пиринска Македонија, за еднаквост и признавање на нивниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Борбата на Македонците, во Пиринска Македонија, за еднаквост и признавање на нивниот идентитет се уште трае .  Живеат под постојан притисок  од власта. Во училиштата не го изучуват македонскиот јазик, а здруженијата кои се обидуваат да ја промовирт македонската култура и кауза, се соочуваат со административни пречки и судски забрани, вели Кирил Тилев, претседател на  Здружението ОМО Илинден. Тилев, додава дека и во 21 век   Македонците, во Бугарија, се плашат јавно да се изјаснат како Македонци, стравувајќи од последиците во општеството.

„Веќе над 35 години се спроведуваат демократски промени во Бугарија, но нема никакви промени кон Македонците..Еден бугарски интелектуалец вака рече, многу не притискаат да признаеме македонски јазик и македонска нација, но ако ние денеска ја признаеме македонската нација, утре Бугарија, ќе започне да се распаѓа „ изјави Кирил Тилев, претседател на Здружението ОМО .

Битката за зачувувње на македонскиот идентитет се води и во соседна Албанија. Таму бугрскаата кауза добро ја користи сиромаштијата на Македонците, со тоа што давајќи им бугарски пасоши им всадуваат вештачка национална бугарска свест, објаснува историчарот проф. Никола Жежов. Тој посочува дека остојбата со Македонците во Егејска Македонија, стана уште посериозна, по донесувањето на Преспанскиот договор.

Реклама

„Голем удел во тоа има донесувањето на Преспанскиот договор кој е катастрофлен за Република Македонија, бидејќи од корен го сече македонскиот елемент. Не признава постоење на македонско национално малцинство, ја дели историјата на неколку дела, признава постоење на две Македонии, што е парадокс невиден„ изјави  историчарот, проф. Никола Жежов.

Во борбата за зачувување на македонскиот идентитет и правата на Македонците, Сојузот „Македон„ има поднесено 109 преставки до меѓународните судови, најмногу  до Стразбур, но до сега по ниту една нема повратен одговор.

„Ние како Сојуз, можеме да им ветиме дека остануваме посветени за решавање на македонското прашање, враќање на граѓанските, имотните и наследните права на Македонците во Егејскиот дел на Македонија, но исто така работиме на унапредување на правата и положбата, да имаат право на школување и образување на својот мајчин јазик, право на организирање во здруженија или политички партии за барање на нивните права„ изјави Александар Јаневски, претседател на Сојуз „Македон„.

Денеска во Штип, во организација на Здружението „Мирка Гинова”, беше одржана триесеттата по ред трaдиционална семакедонска средба на Македонците од Бугарија, Грција и Албанија.