Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

„Макам-транс“: Алтернативен граничен премин за превозниците наместо Ќафасан до надминување на проблемот

Асоцијацијацијата „Макам-транс“ соопшти дека од денеска напладне до 22 часот и секој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Асоцијацијацијата „Макам-транс“ соопшти дека од денеска напладне до 22 часот и секој нареден ден до надминување на проблемот со затворениот патен правец во Албанија поради оштетување на мост, ќе бидат пропуштани товарни моторни возила (празни и полни) од албанска страна на граничниот премин Блато. Фитосанитарниот преглед за товарните возила ќе може да се направи до 18 часот.

Поради големо свлечиште и оштетувања на коловозот, како и оштетувања и поместување на мостот на делницата Либражд – Прењас, кои се дел од Коридорот 8, сообраќајот од Ќафасан кон Албанија е блокиран од неделата поради што голем број камиони се заглавени на преминот.

„Макам-транс“ напоменува дека товарените возила со себе треба да имаат кантарски белешки од местото на утовар или при влез во Албанија да имаат нивна кантарска белешка затоа што на Блато нема вага. Исто така, сите што ќе влезат со полни возила претходно да побараат од назначената шпедитерска куќа да ги внесат податоците во царинскиот систем за да може цариникот да ги спореди податоците затоа што на Блато нема шпедитери што би ги изработувале документите.

Реклама

– Сите што превезуваат производи што подлежат на ветеринарен преглед или се работи за акцизна стока, ќе мора да го користат граничниот премин Блаце како премин за влез во државата – се вели во информацијата од „Макам-транс“, споделена преку соцјалните мрежи.

Генералниот директор на Царинската управа на Албанија, Бесмир Беја, претходно информира дека сè додека не се подобри состојбата на патниот правец граничен премин Ќафасан – Елбасан, делница Либражд – Прењас, одлучено е да се користат алтернативни гранични премини.

– Стоката што влегува на албанска од македонска територија или од други земји преку овој премин ќе се обработува преку царинската филијала на граничниот премин Блато кај Дебар. Преземени се сите потребни мерки за задоволување на логистичките потреби и зголемување на царинскиот персонал со цел справување со зголемениот проток и што побрзо завршување на царинските процедури – рече Беја