Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Мајката на Ивана сведочеше пред судот: Ќерка ми со години живееше во страв и под постојана контрола

Мајката на починатата Ивана Јовановска, денеска, пред Основниот кривичен суд Скопје, изјави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мајката на починатата Ивана Јовановска, денеска, пред Основниот кривичен суд Скопје, изјави дека ќерка ѝ со години живеела во страв од сопругот Стојанче Јовановски, со видливи модринки, под постојана контрола и со постојана мисла дека ќе ѝ биде одземена ќерката.

Сведочејќи хронолошки за нивната врска, таа рече дека Ивана и обвинетиот на почетокот живееле под кирија, дека кратко се познавале пред бракот и дека ќерка ѝ на почетокот гледала позитивно на сопругот. Според сведочењето, подоцна забележувала модринки на рацете и нозете, како и модро око, но Ивана не сакала да признае дека е тепана и ја уверувала со зборовите „ќе биде, мамо, во ред“.

Мајката опиша и настан од 2021 година, кога, како што рече, по полноќ добила повик да дојде во станот на ќерка ѝ. Кога пристигнала, ја затекнала Ивана вознемирена, со Катја во прегратка, а обвинетиот бил нервозен и, според нејзиниот исказ, ја удирал пред детето по што интервенирала полицијата. Во тие моменти, рече сведокот, Ивана била исплашена и повторувала: „сѐ нека земе, и стан и сѐ, само ќерката нека ми ја остави“.

Реклама

– Малата Катја имаше две години, ова беше на 15-16 август кога ми се јави зетот во еден часот по полноќ, извинете на изразот, тој рече „тетка Љубица, дојди да си ја земеш ќерка ти Ивана курва“. За десет минути пеш стасав до нивниот стан. Беше топло време, Стојанче беше многу нервозен, шеташе. Ова беше во 2021 година – рече мајката на Ивана пред судот.

Опишувајќи што затекнала кога пристигнала во станот, таа наведе дека ќерка ѝ била видно вознемирана и ја гушкала ќерката, а обвинетиот бил агресивен. Според нејзиното сведочење, физичкото насилство продолжило и додека се чекала полицијата. 

– Ивана беше вознемирана и ја гушкаше Катја и седеше во дневната соба, а тој беше многу лут и нервозен, шеташе и овој збор што ми го кажа мислам дека не можам да го преболам, првпат во живот го кажав пред обвинителката, не можам да го кажам на јавноста. Беше толку револтиран и ми кажа дека „Ивана барала поголем за да ја задоволи, а јас досега, рече, никаде и никогаш не сум го ставил во друга жена“. Кога дојде полиција, го извадија надвор за да разговараат, еден од нив беше со нас во собата, Ивана беше многу исплашена бидејќи јас додека бев таму, пред да дојде полицијата, тој тргна да ја удри, односно ја удри, но јас застанав меѓу нив и му реков да ми каже што е работата – рече мајката на Ивана.

Во однос на сопственоста на недвижниот имот и финансиската независност, сведокот појасни дека ќерка ѝ живеела во константен страв да не ѝ биде одземено детето. Иако станот првично бил на име на Ивана, подоцна сопственоста била поделена со сопругот. 

– Секогаш се плашеше да не ѝ ја земе Катја бидејќи таа работеше во приватни фирми, а благодарение на мене, јас Стојанче го вработив во Пожарната, рачунав дека живее со моето дете и сакав да помогнам да има стабилна работа. На ќерка ми секогаш на прво место ѝ беше Катја. На почетокот, кога зедоа стан, тој беше на нејзино име, таа го плаќаше редовно кредитот, по некое време, на негово барање беше напишано половина-половина на документот за сопственост. И до последен момент Ивана ги плаќаше сметките, односно кредитот, телефоните… – рече мајката на Ивана. 

Според нејзиниот исказ, стравот на Ивана продолжил и во наредните години, а таа, кога доаѓала кај родителите, постојано се јавувала на телефон и објаснувала каде се наоѓа. Мајката рече дека од шестгодишната Катја дознавала оти мајка ѝ се бранела „со чучнување долу со скрстени раце“ додека таткото ја „шутира и удира“, а детето ги повторувало и навредливите зборови, што, според сведочењето, ги слушало дома.

Мајката на Ивана пред судот рече и дека непосредно пред Нова година, кога ѝ однела храна и други работи на ќерката пред зградата, Ивана, видно вознемирена, ја молела веднаш да си замине плашејќи се дека обвинетиот ќе дојде и ќе ѝ направи нешто.

– Сега пред оваа Нова година направив за мојата внука благи работи и салата што ја сака ќерка ми, некои работи што ѝ останаа во станот, зедов такси и им однесов пред нивната зграда. Дојдов пред зградата, ќерка ми ме чекаше, таксистот ми помогна да ги изнесеме работите, ќерка ми се тресеше и викаше „мамо, бегај, ќе дојде сега Стојанче и, мамо, те молам, бегај да не ти направи нешто“, набрзина ѝ ги дадов и тргнав накај автобуската и слушнав глас од Стојанче, едно хистерично викање, мислам дека тогаш доколку останев, може требаше да останам, насочено кон мене, исплашена бев заради моето дете да не му направи нешто. Потоа Ивана ми кажа дека тие работи што ги направив, благи работи и салата, ги фрлил во контејнер – рече мајката на сега починатата Ивана.

Судењето против Стојанче Јовановски почна денеска во Основниот кривичен суд Скопје, а судот не го прифати неговото делумно признание на вина и одлучи постапката да продолжи со изведување докази.

Иако Јовановски на почетокот на рочиштето призна вина за две од вкупно трите кривични дела за кои се товари, тој пред судот нагласи дека бил присилуван од сведок во постапката, по што судот констатира дека изјавата не е дадена доброволно. 

– За првите две дела се чувствувам виновен, но за третото дело не се чувствувам виновен. Се чувствувам виновен и ги признавам кривичните дела, и тоа: телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од КЗ, како и кривичното дело загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска став 1 од КЗ. Ги сторив во време, начин и на место онака како што се опишани во обвинителниот акт. Но не се чувствувам виновен за кривичното дело наведување на самоубиство и помагање во самоубиство – посочи првично обвинетиот пред судот.