Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Мајката и детето биле сами во станот и заклучени одвнатре пред трагедијата, едно лице е задржано во станица

Едно лице е задржано во полициска станица по трагичниот настан во скопско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Едно лице е задржано во полициска станица по трагичниот настан во скопско Тафталиџе, кога мајка и дете беа пронајдени мртви по пад од балкон од зграда. Како што информира Основното јавно обвинителство Скопје, по наредба на обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност кај ова лице.

„ОЈО Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на случајот. Денеска, по наредба на јавниот обвинител се вршат распити на повеќе лица кои имаат определени сознанија, се врши екстракција на податоци од мобилни телефони и се обезбедуваат снимки од видеонадзор и други снимки од неколку локации“, информираат од скопското обвинителство.

Според првичните сознанија на Обвинителството, во моментот на настанот мајката и малолетното девојче биле сами во станот и заклучени од внатрешната страна. По наредба на судија на претходна постапка, денеска ќе се врши детален претрес на станот во кој живееле, кој по вчерашниот увид остана запечатен.

Реклама

Во врска на наводите во медиумите, но и на братот на починатата жена, дека таа и нејзината ќерка биле жртви на долгогодишно семејно насилство, од Обвинителството велат дека е побарано детално известување од МВР и од Центарот за социјални работи со сите евентуални претходни пријави и поплаки од оштетената. Дополнително, на внатрешната контрола при МВР ќе ѝ биде наредено да го испита постапувањето на полицијата по тие случаи.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за 12:30 најави прес-конференција. Ќе се вклучиме во живо.