Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

М-НАВ: Се преземаат чекори за доекипирање, замена на старата опрема и реогранизација

АД во државна сопственост за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ денеска соопшти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

АД во државна сопственост за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ денеска соопшти дека презема чекори за доекипирање со кадри, имплементација на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација, како и дека во првата половина од годината остварени се позитивни резултати со зголемување на бројот на прелети над македонското небо за над 12 проценти.

Според М-НАВ, со планираните огласи за вработување, ќе се вработат лица, како замена на колеги кои се веќе заминати во пензија или ќе го остварат своето пензионерско право во текот на наредните неколу месеци, генерациски смени и други причини.

Во соопштението се наведува дека во М-НАВ АД Скопје под раководство на Управниот одбор предводен од претседателот Владимир Ристески, се прават огромни напори да се стабилизира компанијата која со години била предмет на несериозно и неодговорно раководење.

Реклама

– Се преземаат чекори за доекипирање со кадри, имплементација на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација. Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје, во координација со Владата на Република Северна Македонија, во текот на 2025 година доби согласност од Министерството за финансии за вработување на високо стручен кадар специјализиран за потреби на давање воздухопловно навигациски услуги. Ќе се вработуваат високо образовани и стручни кадри од следните профили: четири метеоролози–прогностичари, еден метео набљудувач и еден инженер за сајбер безбедност. Дополнително заради зголемен обем на работа во Секторот за воздухопловна навигација и планирани генерациски смени во одделението за Обласна контрола на летање, М-НАВ ад Скопје ќе вработи и школува шест контролори на летање во некој од Европските центри за школување на ваков кадар кој ќе биде избран на тендер – се наведува во соопштението.

Компанијата под раководство на претседателот на УО и директор на Секторот за воздухопловна навигација, стои во соопштението, веќе покажува резултати од реорганизацијата и промената во пристапот на менаџирање со кадрите.

– Благодарение на добро планирање на кадрите-контролори на летање и капацитетите на системот за контрола на летање, во првите шест месеци од 2025 год. се пробиени сите рекорди и остварени се позитивни резултати со зголемување на бројот на прелети кои се водат на македонското небо за над 12 проценти. За шест месеци се реализирани 133 474 летови за разлика од истиот период лани кога се реализирале 119 972 летови вклучувајќи ги и летовите до и од Скопје и Охрид. Порастот само на прелети процентуално и во апсолутна смисла е уште поголем во 2025 год во однос на 2024 год – се вели во соопштението.

Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ на 19 јуни информираше дека испратиле известување до раководството на М-НАВ со кое бараат да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк. Повикаа да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на месецов, а во спротивно најавија реактивирање на штрајкот на 10. следниот месец.