Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

МЈА организира настан „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“

Министерството за јавна администрација денеска организира настан Тематската група за управување со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за јавна администрација денеска организира настан Тематската група за управување со човечки ресурси и професионален развој (HRMPD), насловен „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“.

Настанот е во организација и во соработка со Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA),  Амбасадата на Франција во земјава и Центарот за управување со промени (ЦУП).

Како што соопшти МЈА, на настанот ќе учествуваат директори и високи претставници на институции за обука на јавните службеници од земјите од Западен Балкан, Источното соседство и земјите членки на Европската Унија.

Реклама

Меѓу говорниците кои ќе се обратат на настанот се министерот за јавна администрација Горан Минчев, Маја Ханџиска Трендафилова, директорка на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA), Бен Нупнау, заменик-шеф на Делегација на ЕУ во земјава, францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП.

Од Министерството додаваат дека дискусиите ќе бидат насочени кон зајакнување на институционалните капацитети, размена на добри практики и унапредување на системите за професионален развој во јавната администрација.