Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Љутков: Седум години се уништува 70-годишната традиција на македонската национална култура

Националната култура не треба да постои и тенденциозно се распаѓа се што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната култура не треба да постои и тенденциозно се распаѓа се што е поврзано со традицијата. Ова според актерот Зоран Љутков е една од погубните стратегии кои Министертсвото за култура ги воспоставило уште во 2017 година со тогашниот министер Роберт Алаѓозовски.

-Од 2017 година па наваму ништо што е национално, ништо што е традиционално а тоа се пресликува понатаму и во годиншните програми кои што ги објавува Министерството за култура ќе видиме дека се се распаѓа. За оваа година во националната програма да го достигнеме дното. Значи се што е култура, традиција кој што трае 60, 70 години се што е реномирано се деградира од прва, втра категорија во трета и четврта а се што е новосоздадено и нема никаква врска со националниот интерес во културата се префрла во прва и втора категорија, вели Љутокв.

Љутков тврди дека не се одржуваат националните установи, нема капитални инвестиции, на веќе изграднеите и започнатите не им се обрнува внимание. Нови установи не се отвораат а нема ни модернизација на постоечките.

Реклама

Им се дава минимум средства за разлика од другите корисници и новокомпонирани здруженија кои се појавуваат за прв пат им се даваат огромни бодови за да покажат дека националната култура во Македонија не треба да постои, заклучува тој.

Годинава за Ристо Шишков се одобрени помалку средства од лани, за Чернодрински 4милиони денари, за „Галичка свадба„ 1милион, а за Фестивалот „Кенге Јехо„ во Струга 1.900.000 денари. Државни пари во висина од 1,800.000 денари доби  Албанскиот театар  за реализација на Фестивал на албански театар „Моисиу„ во Приштина, Косово.