Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Лукровски: Планираме проект со кој би го разиграле кејот на Вардар, со локали и спортски терени за рекреација на младите

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, ја претстави својата визија за општината, решавање на сите затекнати проблеми, како што се хигиената, паркингот и посочи дека се надева на препознавање од страна на граѓаните на човек кој е од доверба и нуди транспарентно работење и отворена комуникација со граѓаните.

„Деновиве сме во постојана комуникација со граѓаните, направивме анализи во претстојниот период, нудиме пред се разговор, нудиме транспарентност, нудиме решенија, доаѓам од реален сектор имам големо искуство од реалниот сектор, имам голем круг на пријатели познавања од доста сфери, се надевам дека ќе препознаат граѓаните човек кому ќе ја дадат довербата за општината, а она што е на моја девиза е работата“, рече Лукровски.

Кандидатот за градоначалник Лукровски, истакна дека паркингот, сметот и бучавата се проблеми во општина Карпош кои ќе се решаваат, со тоа што ќе се направи ревизија на се она што е затекнато.

Реклама

„Од она  што ни се покажа од анкетите во топ пет шест проблеми , без разлика на која урбана заедница се работи во Карпош, во принцип е паркингот и сметот, запуштеноста, бучавата е проблем во овие неколку трговски центри, плочникот во Порта Влае, Млечен ресторан Лептокарија  се појавуваат како проблеми, ќе направиме една ревизија на се она што е во моментов затекнато“, вели Лукровски.

Лукровски го истакна својот  стремеж за проект за кејот Вардар и наведе дека поради атрактивноста нуди можности за спортски терени и локали каде што ќе можат младите да го поминуваат времето, да се забавуваат и рекреираат.

„Се стремиме, размислуваме за проект со кој би го разиграле кејот на Вардар, сметам дека е место погодно во оној наш дел од кејот на општината која води се до Центар е многу атрактивен нуди големи можности, јас се надевам дека кејот е во ингиренции на градот и сметам дека на овие избори ќе дојдеме во колерација на нашата општинска, градската и централната власт. Ние со господинот Орце Ѓорѓиевски имавме пар заеднички средби бевме во Порта Влае во Карпош 1 заедно разговаравме, еден од приоритетите ни е кејот, кејот е штета да е онаков каков што е. Онаа идеја за спортски терени и по некој локал каде што ќе може  на што дозволуваат во рамки на законот до подоцните часови, младите да се забавуваат таму, место во локалите меѓу згради“, рече Лукровски.