Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Лукровски: Карпош е заробен од приватни интереси кои зелените површини ги претворија во градилиште и спремаат нова бетонизација, Карпош не сака повеќе лажни зборови

Во последниве денови слушаме смешни обиди за манипулација, истите луѓе кои ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во последниве денови слушаме смешни обиди за манипулација, истите луѓе кои ја водат Општина Карпош со години, сега се обидуваат да ме прикажат како дел од некакви матни приказни. Јас не ја водам Oпштината, тие ја водат. И токму таму лежи проблемот, објави кандидатот за градоначалник на Карпош Сотир Лукровски, а го пренесе преку соопштение ВМРО ДПМНЕ.

Денес Карпош е заробен од истите интереси што ја претворија секоја зелена површина во градилиште, што ги исполнија улиците со прашина, а буџетот со сомнежи. Тие што денес глумат борци за морал се истите што потпишаа десетици спорни и нелегални ДУП-ови, со кои се уништи ликот на општината.

Тие се луѓето кои дозволија кај булеварот 8 Септември да никне облакодер на спорна локација. Под нивно водство се планираат  да никне  огромно бетонско чудовиште кај Алумина, да никнат уште пет згради на Прашка, се планира проширување на Настел во ново издание, се турка трговски центар пред зградата на Горење и City Mall, а и нова зграда пред СЦ „Борис Трајковски“.

Реклама

И тоа е само дел од еден куп  ДУП-ови се донесени „под маса“, зад грбот на граѓаните, со сериозни закани за квалитетот на живеење во Карпош. И сето тоа се случува додека истите луѓе измислуваат приказни за „Скопје на вода“ или „Карпош на вода“ кои се тешки глупости без ниту еден аргумент, измислици создадени само за да се плука и манипулира.

Нема програма, нема визија, само очајнички обиди да се одвлече вниманието од вистински проблеми и сопствените дела или не дела. Карпош не сака повеќе празни зборови и лажни обвинувања, сака нова политика.

Политика со јасна програма, каде што секој денар на граѓаните ќе биде видлив и оправдан. Јас нудам план за транспарентна и модерна општина, за чист воздух, за уреден урбан развој и крај на партиските тендери. И тоа не е ветување, тоа е обврска.

Доста беше од луѓе што со години ја држат општината во раце и мислат дека сите ќе заборават што направиле. Карпош не е нивна приватна фирма, Карпош е на граѓаните, и така и ќе биде за многу кратко кога јас ќе бидам градоначалник.