Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Македонија

Лозарите кои имаат штети од мрзнење да добијат зголемени субвенции, Советот на Кавадарци со неколку барања од вонредна седница 

Лозарите кои имаат штети од мрзнење да добијат зголемени субвенции, Советот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лозарите кои имаат штети од мрзнење да добијат зголемени субвенции, Советот на Кавадарци со неколку барања од денешната вонредна седница. Советниците едногласно одлучија да дадат неколку иницијативи и да донесат неколку заклучоци, околу тоа, како да им се помогне на земјоделците кои претрпеа штети од пролетен мраз.  

Советот даде иницијатива до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и пратениците од општината, да се обезбедат зголемени субвенции за лозарите на кои ќе им биде утврдена штета. Изгласана беше и иницијативата, Министерството да ја разгледа можноста, за ослободување од постојан воден надоместок за наводнување, Министерството и Владата да ги ослободат од закупнина, земјоделците за земјоделските површини, врз основа на утврдена штета. Дадена беше и иницијатива до Министерството и Влада,  процентот на обесштетување од мраз да биде поголем. 

– Општина Кавадарци да објави јавен повик со цел граѓаните на Општина Кавадарци кои што имаат претрпено материјална штета на земјоделските насади од природна непогода ниски температури, мраз, што го зафатија подрачјето на територијата на општината, во месец мај 2026 година, да пријават – пишува во заклучоците. 

Реклама

Веднаш по завршување на јавниот повик, комисија за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди и други несреќи на територијата на Општина Кавадарци, формирана од Совет на Општина, да излезе на лице место и со директен увид да направи проценка за секоја штета како на физички така и на правни лица.

При процена и утврдување на висината на штетата, комисијата да ја применува методологијата за процена на штети од природни непогоди и други несреќи 

Комисијата во својата работа да соработува со надлежните државни органи, научно-стручни институции и по потреба да се ангажираат и стручни експерти од соодветната област и лозари. 

– За својата работа, комисијата да изработи извештај за процената на штетите во вид на елаборат, согласно методологија за процена на штети од природни непогоди и други несреќи и да го достави до Советот на разгледување и усвојување и до Владата, се вели во заклучоците. 

Втората вонредна седница на Советот на Општина Кавадарци беше свикана по иницијатива на Левица, а фокусот беше на амортизирање на ефектите од мраз по виновата лоза. На говорница се обратија повеќе советници. 

– Имаме ситуации каде што во некои региони,  на некои места, микро локации или депресивни места, имаме измрзнување до сто проценти. Тоа е во Шивец, покрај Црна Река, Дреново, рече меѓу другото, советникот Бошко Бошев.