Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Локалниот совет за превенција во Берово апелира за безбедно учество на земјоделската механизација во сообраќајот

Локалниот совет за превенција во Берово упати апел до земјоделците и останатите учесници во сообраќајот за поголема внимателност и почитување на сообраќајните правила при користење на земјоделската механизација на јавните патишта. Во рамки на своите активности насочени кон унапредување на безбедноста во сообраќајот, Советот изготви информативен флаер со препораки за безбедно управување со трактори и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалниот совет за превенција во Берово упати апел до земјоделците и останатите учесници во сообраќајот за поголема внимателност и почитување на сообраќајните правила при користење на земјоделската механизација на јавните патишта.

Во рамки на своите активности насочени кон унапредување на безбедноста во сообраќајот, Советот изготви информативен флаер со препораки за безбедно управување со трактори и друга земјоделска механизација, со цел намалување на ризикот од сообраќајни незгоди и заштита на сите учесници во сообраќајот.

– Со почетокот на сезонските земјоделски активности се зголемува присуството на земјоделски машини на патиштата, поради што е неопходно доследно почитување на сообраќајните прописи и користење на исправна и соодветно обележана механизација. Преку оваа превентивна активност настојуваме да се подигне свеста кај возачите на земјоделска механизација за нивната одговорност во сообраќајот и да се придонесе за намалување на бројот на несреќи, информираа од Локалниот Совет за Превенција.

Реклама

Оттаму ги повикаа земјоделците и останатите учесници во сообраќајот да се запознаат со препораките содржани во флаерот и со одговорно однесување да придонесат за побезбедни патишта и зачувување на човечките животи. 

Меѓу препораките се истакнува потребата од технички исправна механизација, користење на соодветна светлосна сигнализација и почитување на сообраќајните правила при движење по јавните патишта. Од Локалниот совет за превенција нагласуваат дека превенцијата и совесното однесување на секој учесник во сообраќајот се клучни за намалување на бројот на несреќи и создавање побезбедна сообраќајна средина за сите.