Пожар избувнал во внатрешна просторија во Градската општа болница „8 Септември“. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, пожарот е локализиран и нема опасност од ширење.
– Преку Е 112 е добиено известување за пожар на вториот кат во ГОБ „8 Септември“ во Скопје по што веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје (БППЗ) – наведуваат од ЦУК.
Од страна на БППЗ потврдено е дека станува збор за пожар во внатрешна просторија во одделението за ортопедија, кој е локализиран и нема опасност од негово понатамошно ширење.

