Реклама

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Македонија

Локацијата кај ГOB „8 Септември“ е идеална за нов клинички центар, смета премиерот Мицкоски

Локацијата на ГОБ ‘8 Септември’ e идеално место за изградба на новиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локацијата на ГОБ ‘8 Септември’ e идеално место за изградба на новиот клинички центар – оценува премиерот Христијан Мицкоски. Сепак им дава предност на експертите да одлучат која е најсоодветна локација за најголем здравствен комплекс во Македонија.  Мицкоски го повика  и Министерството за здравство заедно со стручен кадар да направат детални анализи за да се финишира проектот .

Да завршат локалните избори, па да се распише јавен повик за финансиски институции за болниците и клиничките болници поврзани со договорот со Велика Британија.Тоа да заживее па потоа следно е нов голем Клинички центар.Мене оваа локација тука ми делува како одлична можност има три булевари, гасна поврзаност собраќајна поврзаност и ајде да видиме да оставиме експертите да си го кажат своето мислењевели премиерот Христијан Мицкоски.

Главен фокус на Владата во моментов е реконструкција и изградба на здравствените установи во Штип, Кичево и Тетово – проекти кои се дел од договорот со Обединетото Кралство.

Реклама

Изминатите 10-тина години постоеа повеќе идеи за локации за нов Клинички – во близина на Бардовци, на излезот од Скопје во Ѓорче Петров или на просторот на касарната „Илинден“ но ништо од тоа не стана реалност.

За 8 години, се сменија седум министри за здравство, имаше шест локации во игра и 6 фирми изведувачи, но наместо нов Клинички центар, претходната Влада ја остави Македонија со обврска за да плаќа пенали за она што требаше само да го спроведе.

Засега од сите најави и ветувања резултатот е еден – 8.5 милиони евра кои треба да и се платат на италјанската компанија зашто екс министерот за здравство Венко Филипче го раскина договорот потпишан од неговиот претходник Никола Тодоров.

Од 2009 досега на сите министри за здравство приоритет им беше нов клинички комплекс, но никој не удри темели. Додека граѓаните го чекаат тој момент, во поголем број клиники имаше и има реновирање за да можат да даваат соодветни здравствени услуги.