Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Лишени од слобода две лица во Скопје – во возило пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, возачот управувал без возачка дозвола

Полициски службеници синоќа лишиле од слобода две лица од Скопје, откако во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициски службеници синоќа лишиле од слобода две лица од Скопје, откако во возило кое го управувале и поседувале се пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, а возачот управувал без возачка дозвола.

-На улица „Јадранска магистрала“ во Скопје, синоќа околу 22:50 часот, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ, во содејство со полициски службеници од Полициското одделение Мирковци, извршиле контрола на патничко моторно возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И. (19) од Скопје. При контролата било констатирано дека во возилото се превезувала поголема количина разновидна стока без соодветна документација, односно околу 90 пратки со различни производи, спакувани во црни кеси. Исто така, било утврдено дека возачот не поседувал важечка возачка дозвола од Б категорија. Како сопственик на возилото бил затекнат Е.Ш. (20) од Скопје, по што двете лица биле лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка – соопшти Министерството.

Од МВР најавуваат дека за непоседување важечка возачка дозвола, против М.И. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а став 2 од Кривичниот законик.