Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Лимани: Размените меѓу младите се инвестиција во иднината и клуч за задржување на младите во регионот

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, учествуваше на настанот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, учествуваше на настанот „Традиции што нè поврзуваат: Градејќи ја иднината заедно“, кој се реализира во рамки на програмата „Суперучилишта“ – иницијатива на земјите од Западен Балкан насочена кон зближување на младите, нивно поврзување надвор од границите и создавање трајни пријателства.

Настанот се одржа во СУГС „Јосип Броз Тито“ – Скопје, како училиште домаќин, во присуство на амбасадорите на Европската Унија и Германија во Македонија, Михалис Рохас и Петра Дрекслер, генералниот секретар на RYCO, Владимир Обрадовиќ, заменик-министерот за образование и наука, Дритон Сулејмани, директорката на училиштето Светлана Кржовска, како и други високи гости.

Во рамки на програмата, учениците од училиштето „28 Ноември“ од Скадар, Албанија, четири дена престојуваат во Скопје како гости на своите врсници од „Јосип Броз Тито“, продолжувајќи ја соработката преку втора ученичка размена.

Реклама

Во своето обраќање, министерот Лимани ја истакна важноста на ваквите иницијативи за градење доверба и меѓусебно разбирање меѓу младите:

„Кога младите се среќаваат, предрасудите паѓаат и се раѓа доверба – основа на секое здраво и одржливо општество. Затоа, ученичките размени се директна инвестиција во нашата заедничка иднина и имаат реална вредност за политиките што ги креираме.“

Тој посочи дека ваквите партнерства придонесуваат за стекнување нови искуства, развој на комуникациски вештини, тимска работа и создавање мрежи на трајни пријателства меѓу младите од регионот.

Министерот се осврна и на демографските предизвици со кои се соочува регионот, нагласувајќи ја улогата на ваквите програми во нивното надминување:

„Регионов се соочува со сериозни предизвици – миграција, празнење на заедниците и губење на човечкиот капитал. Програми како „Суперучилишта“ ја менуваат оваа динамика. Тие создаваат чувство на припадност, отвораат нови перспективи и ги мотивираат младите да останат и да придонесуваат во своите земји. Кога младите се поврзуваат и се чувствуваат ценети, расте веројатноста тие да ја градат својата иднина токму тука, во регионот.“

Лимани упати благодарност до Европската Унија, Амбасадата на Германија, ГИЗ, RYCO и сите партнери и поддржувачи на иницијативата, со посебен акцент на младите како двигатели на промените.

„Иднината на Западен Балкан нема да се гради само од институциите – ќе ја градите вие, заедно,“ порача министерот Лимани.