Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Лимани: Повикот за доделување на Награда за младинско учество е отворен

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани најави повик за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани најави повик за Награда за младинско учество 2025:

„Со особено задоволство ве информирам дека во соработка со Националниот младински совет на Македонија, официјално го објавуваме Повикот за Наградата за младинско учество за 2025 година.

Се вреднуваат сите активности, иницијативи, акции или идеи кои се реализирани од јуни 2023 до мај 2025 година, во три категории:

Реклама

• 1,000 евра за индивидуална категорија (млади на возраст од 15 до 29 години, кои спровеле иницијатива со општествена вредност,

• 3,000 евра за не-формални групи на млади (најмалку 3 лица), кои здружено реализирале соработнички проекти,

• 3,000 евра за младински организации, организации за млади и чадор-организации кои континуирано работат со млади.

Почитувани граѓани,

Оваа награда не е само финансиски поттик – таа претставува јавна форма на признание и институционално вреднување за сите оние млади кои не остануваат пасивни, туку избираат да се вклучат, да дејствуваат и да направат промена.

Тоа е повик што државата го упатува на младината со порака:

– ” ве гледаме, ве слушаме и ве поддржуваме” !

Рокот за аплицирање е до 30 јуни 2025 година, и ве охрабрувам:

Аплицирајте !

Номинирајте пријател, група или организација !

Споделете ја вашата успешна приказна ! Зашто на нашата земја ѝ требаат повеќе позитивни примери – а ние цврсто веруваме дека најдобрите примери се токму меѓу нашата младина !

Повеќе информации околу повикот имате на веб страната на министерството !

Посакувам успех на сите !“7