Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Лимани на средба со пратеникот во Националниот совет на Австрија

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани за време на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани за време на својата посета во Австрија оствари официјална средба со пратеникот во Националниот совет на Австрија и претставник на Социјалдемократската партија на Австрија, Роберт Лајмер, во рамки на продлабочување на билатералната соработка и размена на искуства меѓу двете земји.

На почетокот од средбата, министерот изрази длабоко сочувство и солидарност за трагедија што се случи во градот Грац, пренесувајќи ја искрената поддршка и блискост на нашиот народ кон граѓаните и семејствата погодени од овој трагичен настан.

Разговорот беше фокусиран на можностите за интензивирање на соработката во областите на социјалната политика, вработувањето, зајакнувањето на младите и заштитата на работничките права. Г. Лајмер ги сподели успешните австриски практики во развојот на одржлив и инклузивен систем на социјална заштита, потенцирајќи ја важноста на обезбедување социјална еднаквост и достоинствени услови за работа за сите граѓани.

Реклама

Министерот ја истакна важноста на заложбата на Лајмер за унапредување на меѓу парламентарниот дијалог и поттикнување на институционалното партнерство, притоа нагласувајќи ја посветеноста на нашата страна кон спроведување на одржливи реформи што ќе придонесат за подобрување на животниот стандард, поддршка за ранливите категории и создавање нови можности за вработување, особено за младите и жените.

Двете страни изразија подготвеност за заедничка работа на проекти во областите на професионална обука, социјална инклузија, развој на современи социјални услуги и поддршка на најранливите групи во општеството.

На крајот од средбата беше потенцирана стратешката важност на забрзувањето на процесот на европска интеграција на нашата земја, како гаранција за траен општествен стабилитет, долгорочен економски развој и усогласување на националните политики со стандардите и вредностите на Европската Унија.