Реклама

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Македонија

Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани заедно со заменик-министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани заедно со заменик-министерот Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, го посетија Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во Мојот Свет“ – Скопје, кало дел од активностите во месецот на подигнување на свесноста за аутизмот.

Од Министерството соопштија дека Здружението воспоставило дневен центар за млади од 14 до 26 години, со капацитет од 24 корисници, каде поддршката ја обезбедуваат стручни лица и негуватели, како и центар за дневен престој со индивидуален пристап за деца до 14 години, со капацитет до 20 корисници.

Овие услуги се воспоставени преку проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршка на Светска банка. По завршувањето на проектната поддршка, предвидено е склучување управен договор со здружението, со што ќе се обезбеди континуитет и одржливост на овие значајни услуги.

Реклама

Министерот Лимани го посети и Центарот за дневен престој за лица со попреченост и индивидуална работа во Липково, воспоставен од Здружението на родители на деца со аутизам „Блу Пазл“ (Blue Puzzle) во Липково. По успешниот центар во Гостивар, ова е нивни втор дневен центар кој нуди навистина квалитетни услови и услуги за корисниците. Во Липково, 24 лица имаат можност за дневно згрижување, исхрана, поддршка за лична хигиена и индивидуални активности за развој на животни и работни вештини.

Развојот на социјалните услуги на локално ниво е клучен за јакнење на општините и обезбедување достапна грижа за сите граѓани. Токму затоа, преку управниот договор со Министерството за социјална политика, демографија и млади, обезбедуваме континуирана финансиска поддршка и одржливост на услугите. Впечатоците од посетите беа дека здруженијата се вистински пример како со посветеност, стручност и човечност се создава безбедна и поддржувачка средина за лицата со попреченост и нивните семејства, посочуваат од Министерството и наведуваат дека остануваат силно посветени на унапредување на социјалните услуги, развој на инклузивни политики и создавање општество во кое секој има еднакви можности да живее достоинствен живот.