Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

„Лидл“ е во процес на воспоставување на соработка со македонски компании

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска се сретнал со менаџментот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска се сретнал со менаџментот на германската компанија „Лидл“ која е во фаза на изградба на маркети на повеќе локации низ државата и на логистички центар во индустриската зона во Куманово.

На средбата, како што соопшти Министеството за економија, се разговарало за динамиката на реализација на инвестицијата на оваа германска компанија, а било посочено дека компанијата е во процес на воспоставување на соработка со голем број македонски компании чии производи ќе бидат дел од асортиманот на „Лидл“.

Заменик-министерот за економија потенцирал дека Владата стои на располагање за надминување на сите прашања и евентуални потешкотии со кои би се соочиле во текот на нивните активности.

Реклама

-Тој изрази надеж за што е можно побрзо отворање на маркетите со што на македонскиот пазар би имале производи со европски стандарди и цени прифатливи за нашите граѓаните, како и за што е можно поголема застапеност на домашни производи во нивните маркети во Македонија и регионот, информира Министерството за економија.

На состанокот од страна на германската компанија присуствувале Милена Драгиска-Денчева, главен извршен директор на „Лидл“ – Бугарија, Рубријан Хаџиев, главен оперативен директор на „Лидл“ за Македонија и Теодора Хаџи-Димова Танаскоска, директорка за човечки ресурси во „Лидл“ – Македонија.

Лидл е најголемиот европски синџир за малопродажба на храна, застапен во 31 земјa со околу 12.000 продавници и повеќе од 360.000 вработени.