Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Лидерот на ДУИ е веќе испукана пушка: “Победникот“ Али Ахмети нервозен како никогаш претходно

Али Ахмети е веќе испукана пушка, нервозен како никогаш претходно, а причината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Али Ахмети е веќе испукана пушка, нервозен како никогаш претходно, а причината е катастрофалниот пораз на локалните избори. По резултатите во неделата лидерот на ДУИ го немаше никаде пет дена, по што се појави на прес конференција, каде сподели свои математики, според кои сепак тие биле победници на изборите. Според познавачите ваквата лажна реторика повеќе не „пали“ ниту кај самото партиско членство.

Политикологот Џенур Исени за Алфа вели дека доказ за големиот пораз кој го доживеаја интегративците, е и самото тоа што кај нив нема никаква еуфорија, како што тоа било во минатото. Претходно, кога навистина победуваа, уште вечерта веднаш по изборите се излегуваше со триумфални прес конференции и славје по улиците. 

-Али Ахмети не ги победи изборите, бидејќи ние сме биле сведоци во минатото секогаш кога Али Ахмети победуваше на изборите, таа вечер имаше прес конференции триумфално даваше изјави. Сега поминаа пет дена да се појави во медиумите и прв пат го гледавме Ахмети нервозен, многу нервозен и спрема новинарите и спрема јавноста. Малку неговите гестикулации покажуваат дека Ахмети за прв пат нема контрола над ДУИ, изјави Исени.

Реклама

По изборите целосно исчезна и Бујар Османи, еден од најблиските соработници на Ахмети. Тој беше главното оружје на ДУИ овие избори, со улогата кандидат за градоначалник на Чаир, но уште во првиот круг доживеа пораз од Изет Меџити. Според Исени, лидерот на интегративците на ова локално соочување, успеа да го „изгори“ човекот кој можеби се сметаше за негов наследник на чело на партијата. Вели во наредниот период не треба да се очекува дека поранешниот министер за надворешни работи повторно ќе заплива во политичките води

-Ова беше тежок удар врз Бујар Османи, бидејќи беше еден лик кој што ветуваше, но Изет Меџити го победи. Јас мислам дека Али Ахмети го изгоре тој лик и верувам дека Бујар Османи веќе нема да се меша во политиката. Сега за сега е психолошки победен, не се знае во иднина, сите во јавноста во Бујар Османи гледаа како иден можен лидер на ДУИ, изјави Исени.

Али Ахмети се појави во јавноста за прв пат пет дена по изборите, кажа дека не се повлекува од политиката и останува на чело на ДУИ. За него поразот во неделата бил победа. Причината била што имале повеќе советници, иако уште во првиот круг го загубија Чаир, кој важеше за клучна битка во  албанскиот политички блок, но и Сарај. Националната алијанса за интеграција, со негатива од речиси 4.000 гласа оди во вториот круг во Тетово, а нивниот кандидат негатива има и во Струга.

Матеја Петровски