Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

Лицата со попреченост како двигатели на општествениот напредок, неопходна е инклузија

Инклузивноста е темел на демократското општество, а напредокот не се мери само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инклузивноста е темел на демократското општество, а напредокот не се мери само според економскиот или технолошкиот развој, туку и според неговата способност да создава простори каде што секој човек, без оглед на предизвиците, може да напредува, да придонесува и да го реализира својот потенцијал – порача претседателот на Собранието, Африм Гашипо повод Денот на лицата со попреченост.

Овие луѓе вели Гаши, не треба да се гледаат низ призмата на ограничувања, туку како извор на талент, енергија и инспирација. Собранискиот спикер побара институциите да создадат средина во која потенцијалот на лицата со попреченост ќе биде препознаен и поддржан.

Да имаме општество во кое сите ѓраѓани активно ќе учествуваат, порача претседавачот на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост, Никола Мицевски.

Реклама

Претставничката од Институтот за демократија, Јоана Тренеска ја истакна важноста на инклузијата во општеството на лицата со попреченост, вооедно таа ги презентираше наодите од истражувањето за маргинализираните лица.

На настанот присуствуваа пратеници, советници, невладини претставници, студенти, граѓански организации како и засегнати страна, кои ја истакнаа важноста на овие лица во едно демократско општество. Според последните податоци од пописот, во земјава живеат вкупно 94.412 лица со попреченост.

Давид Крстевски