Реклама
Прилози

Левица си купила простор во центарот на Скопје за само 721 евро квадрат: Надлежните да проверат дали има кривична одговорност кај Димитар Апасиев?!

Левица за само 721 евро за квадрат си купила деловен простор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Левица за само 721 евро за квадрат си купила деловен простор на атрактивна локација во центарот на Скопје од 409 метри квадратни, на адвокатската улица, на само стотина метри од плоштадот Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски од Собранието прашува, дали Димитар Апасиев како потписник на овој купопродажен договор во име на партијата, треба да одговара кривично, бидејќи купил простор за многу пониска цена од реалната. Според Мицкоски, доказ за тоа е и самата проценка на градот Скопје, дека просторот вреди многу повеќе.

-За какво кривично дело е ова професоре, е сега ќе ви кажам зошто е кривично дело тоа такво. Затоа што Градот Скопје ви пресметал според нив дека ова кривично дело кое што сега јас го зборувам е еднакво на цена квадрат од 1.150 евра, па сте платиле данок во вредност од 739.285 денари, изјави Мицкоски.

Мицкоски го повика надлежните да се позанимаваат со овој случај и да проверат евентуална кривична одговорност кај политичката партија Левица.

Реклама

-Јас ја користам оваа прилика до органите и до министерот за внатрешни работи и до финансиската полиција и до сите останати, дали проверат дали има основа за кривично дело. Така што го купила овој простор по цена од 721 евро за метар квадратен, простор кој што вреди најмалку три пати повеќе од тоа што политичката партија Левица го купила, изјави Мицкоски.

Од собраниската говорница првиот човек на Левица Димитар Апасиев потврди дека на оваа атрактивна локација бил купен просторот, но се правдаше зошто цената била пониска од онаа која што е во моментов во центарот на Скопје.

-Ние купивме подрумски простории со приземје, ете тоа купивме, затоа е таа цената. Уште утре да ми поднесете кривична пријава, исто како што јас вас следната недела ќе ви поднесам за кривично дело попречување на правдата и за стек на кривични дела оддавање на службена тајна, уште утре да ми поднесете, изјави Апасиев.

Мицкоски порача дека оваа купопродажба со која треба да се позанимаваат надлежните е преку Универзалната инвестициона банка. Потенцираше дека овој субјект имал заедничко со трговскиот центар Соравиа. Премиерот кажа дека Андреја Бунески е заеднички извршител и за едниот објект и за другиот објект, па според него се поставува прашање дали Левица се заинтересирани и за Соравиа.

Матеја Петровски