Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Прилози

Лесново ќе биде прв геопарк во Македонија – иницијатива за заштита под УНЕСКО

Општина Пробиштип покренува иницијатива Лесново да стане првиот геопарк во државата, под…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Пробиштип покренува иницијатива Лесново да стане првиот геопарк во државата, под заштита на УНЕСКО. Подрачјето што го опфаќа регионот меѓу Злетово, Пробиштип и Кратово важи за редок природен феномен. Лесновскиот кратер, со своите пештери, остатоците од древни вулкански активности и специфични карпести форми, претставува уникатно геолошко откритие.

„Се надевам дека ќе наидеме на поддршка од општините од Источниот плански регион, Бирото за рамномерен регионален развој, локалната самоуправа и Владата, бидејќи ова е едно специфично вулканско подрачје кое ќе претставува место каде што ќе можат сите заинтересирани посетители за овој тип на туризам да видат како изгледа еден кратер и кои се убавините на овој лесновски регион“, изјави Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип.

Лесновскиот манастир, природните пештери и уникатните пејзажи нудат реална можност за развој на туризмот и зајакнување на локалната економија. Со негова валоризација и заштита, регионот би добил и поголема меѓународна препознатливост, посочува Тоневски.

Реклама

„Тука се вулканските ‘бомби’, пештерите во самиот лесновски кратер во близина на манастирот. Има многу содржини од геолошки аспект кои сите заинтересирани ќе можат да дојдат и да ги видат, а ние како регион ќе се гордееме со тоа“, изјави Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип.

Ваква иницијатива, со која Кратовско-злетовската област се прогласува за прв геопарк во државата, беше покрената пред десетина години. Нашата земја располага со богато геонаследство, а потенцијални локации за геопаркови се Маркови Кули кај Прилеп, Кањонот на Радика, Демиркаписката клисура и кањонот Матка. Во Европа има околу 70 геопаркови, а на Балканот вакви заштитени подрачја има во Грција, Словенија, Хрватска и Бугарија.