Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

„Лесната достапност создава зависност“ – психијатрите поддржуваат ограничување на казината

Колку помалку казина и обложувалници низ државата, толку помал број луѓе ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Колку помалку казина и обложувалници низ државата, толку помал број луѓе ќе тонат во зависност од коцка – ова е пораката од психијатрите, кои ја поздравуваат одлуката на Владата да се стави ред во игрите на среќа. Според д-р Адриана Богдановска Тоскиќ, „коцката“ не е игра, туку сериозна болест што руши семејства, остава долгови и уништува животи. Според стручната фела, најранливи се младите, кои секојдневно растат опкружени со светлечки реклами и брза надеж за лесна заработка.

„Овој чекор е за поздравување. Бројката ќе се намали од проста причина што ќе се намали достапноста до ваквите објекти и ваквите можности. Лесната достапност до овие објекти за коцкање придонесува да се развие зависност. Многу често пациентите знаат да кажат: ‘Со друштвото почнавме да одиме таму.’ И, секако, ограничувањето и на бројот и на достапноста ќе има позитивен ефект“, вели д-р Адриана Богдановска Тоскиќ – психијатар.

Коцката и дрогата се различни пороци, но иста зависност – велат психијатрите. И во двата случаи мозокот бара нова „доза“, а зависникот постепено ја губи контролата врз сопствениот живот. Практиката на докторите со пациентите-зависници покажува дека меѓу нив има луѓе кои се задолжени и по повеќе од 50.000 евра, губат куќи, станови и скапи автомобили.

Реклама

„Она што е многу заедничко се последиците и дисфункционалноста на лично, семејно и професионално ниво. Последиците што ги остава ваквото однесување, во смисла дека коцкањето и сè што е поврзано со него – парите, вложувањето, мислите – добиваат приоритет, доведуваат до намалена функционалност и во семејството и на работното место. Тоа се случува и со зависностите од психоактивни супстанци, но и со коцкањето“, вели д-р Богдановска Тоскиќ.

Владата подолго време се залага за воведување ред во игрите на среќа, односно за справување со нелегалното онлајн коцкање. Премиерот е убеден дека се потребни итни реформи во оваа област. Со новиот предлог-закон се воведуваат построги правила за казината и обложувалниците. Се забранува рекламирање што го претставува коцкањето како начин за брза заработка и подобар живот. Нема да смее да се користат ниту познати личности, како ни реклами насочени кон малолетници. Казината и автомат-клубовите ќе мора да бидат најмалку 500 метри оддалечени од училиштата.