Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Лекарската комора ги очекува документите за организирање вонреден стручен надзор за осум пациенти

Имаме најава дека ќе бидат испратени документи за организирање вонреден стручен надзор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имаме најава дека ќе бидат испратени документи за организирање вонреден стручен надзор за осум пациенти, потврди денеска претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева – Старделова, во изјава за медиумите.

– За да го направиме тоа, треба да ја свикаме комисијата за стручен надзор што ќе ги види документите и да процени согласно нашите правилници, кои тројца, минимум, доктори ќе ги повика за да го извршат надзорот. Тие треба да бидат од областа од која се прави надзорот. Согласно нашите правилници, мора да бидат исклучени доктори кои се вработени во институциите каде се врши вонредниот надзор, нагласи Гривчева – Старделова.

Таа подвлече дека Лекарската комора може да врши вонреден надзор во институции по барање на ДСЗИ, министер за здравство, судска наредба, членови на семејство или по барање на пациент. 

Реклама

Министерот за здравство Азир Алиу на вчерашната прес- конференција информираше дека се доставени осум случаи до Интерната комисија, формирана по информации за можни неправилности поврзани со дел кардиохируршки интервенции, а побаран бил и надзор од Лекарската комора.

– Пред неколку недели, јавноста беше вознемирена од информации за можни неправилности поврзани со дел од кардиохируршките интервенции што се изведувале во здравствени установи. Како Министерство за здравство, веднаш постапивме и ја формиравме Интерната комисија составена од медицински експерти, правници и економисти. Нејзината задача е да ги утврди фактите и да постапува врз основа на медицински докази, според највисоки меѓународни стандарди и прецизни методолошки правила. До Интерната комисија се доставени медицински досиеја за осум случаи. Комисијата ќе ги обработи сите детално, со цел да се утврди вистината врз основа медицински факти, посочи министерот.

На новинарско прашање, Алиу одговори дека од една јавна здравствена установа се доставени осумте случаи, а не од пациенти.

Министерот најави дека комисијата денеска ќе се состане и овие досиеја ќе бидат првите случаи по кои ќе постапува.

Али најави и дека Министерството за здравство ќе побара вонреден стручен надзор за истите случаи од Лекарската комора, додаде Алиу.